Дали успеавте да прикачите билетот повеќе пати? Од кога аплицирав ја проверив апликацијата и само еднаш беше прикачено?
Нема дополнителна опција. Направи Merge PDF т.е прикачи ги сите карти на еден pdf страница и прикачиги на МОН. Кога ќе отворат, сите карти ќе му бидат приложени на една страна.
Тие што имаат аплицирано за превоз проверете си на е-услуги, има статус на апликација дали е прифатено/одбиено.
Да. Јас аплицицирав во петокот, проверив сега, стои прифатено. Имаше и на студентарија објавено дека веќе имало одговори за статус на апликација уште вториот ден кога го обjавија конкурсот. Ако имаш денеска аплицирано, овие денови ќе ти ја прегледаат.
Здраво, дали знаете кога ќе биде објавен конкурсот за студентски превоз овој месец, пишува најдоцна до петтиот ден од месецот а сеуште нема.
Нема ништо на страната на Мон за студентски превоз, беше најавено дека денес ќе има конкурс, но јас еве не можам да го најдам