Дали знаеш каде на други места има платена пракса? Или некој линк кај ги пишува оние што нудат платена пракса?
Ако паднатиот испит ти е од семестарот што помина т.е од зимски можеш да го полагаш следните две сесии јунска и август/септември сесијата, не се плаќа ништо.
Не е забрането ама не е дозволено Ако некој е на факултет и работи, мора да биде запишан вонредно. Очигледно ова многу лабаво и различно се интерпретира па изгледа зависи од универзитет до универзитет па дури и од факултет до факултет. Не знам дали има последици, ама ако некој може и да работи и да посетува предавања, нека си продолжи редовно. Ако има проблем од институции, тогаш ќе ги решава. едит: ако нешто ви врши работа Vrabotuvanje.com - Дали може редовен студент да заснова работен однос? На повеќе места го пишува истото.
Дали некој има искуство со МБА на Американ Колеџ, го бирам бидејќи видов дека е акредитиран од ACBSP. Секој совет е добредојден. Или доколку знаете некој друг универзитет кој нуди MBA и има онлајн предавања и испити би ви била благодарна
Зависи под кој закон ќе потпишеш договор. Ако потпишеш договор според Законот за практиканство. Ако потпишеш договор според Законот за работните односи
Да не знаете за што конкретно служат студентските картички што ни ги дадоа од студентските домови. Освен за рециклирање и тие средства од рециклирање каде и како би можеле да ги искористиме?
Дечки, Дали некој знае, што би се случило доколку прекинеш со стидирање ака не запишуваш семестар но не ти е ставен факултетот во мирување?
Мислам дека го сметаат како да си се отпишал, па за да се запишиш пак ќе треба казна да платиш, но сепак најдобро е на студентски да си прашаш
Склучив договор за работен однос ама сеуште ми нема стигнато плата. Дали само треба да чекам да ми се укине стипендија и оброк? Или треба да се влечкам до МОН за да им кажам уште од сеа? Ќе видев у договорот со мон ама не е со мене сега.
Може ли предмет од зимски семестар што не е запишан да се запише во летен ? Ми кажаа дека треба да се запише во зимски .Предметот е од листа на уким.
Дали стипендијата автоматски ми се укинува штом стапам во работен однос? Не е договорот со мене не можам да прочитам.
Дали знае некој кога започнуваат уписите на Правен при УГД? Пробав да се информирам телефонски но меѓутоа никој не ми крева на телефон.