Уписи прв циклус 2024/2025 - Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип (ugd.edu.mk) Претходната година било 5 јули. Прво треба да помине државната матура, да се објават резултатите и дури потоа се уписите на факултетите, според логика.
Дали казнуваат ако немаш пополнето анкета за евалуација? Имаат пишано дека е задолжителна ама не бев во можност и не стигнав да ја отворам, па да знам дали да очекувам проблеми при следно обраќање на студентска служба.
Прават проблем и за најмала ситница, така да.. А и не само шо пишуваше дека е задолжителна него и ни нагласија дека мора, кај мене 2-3 мејла стигнаа за последен рок.
Здраво дечки, јас минатата година се запишав на факултет но запишав само прв семестар, втор семестар не го запишав бидејќи планирам да се запишам на друг факултет, дали некој знае како можам да си ги земам документите од факултетот?
Доколку еднаш е издадена потвда од библиотека дека не должам книги, дали може повторно да ми издадат?
Може. Тоа е обично ливче со печат. Колку е смешно што уште не се автоматизирани вакви процедури од 19ти век, во време на компјутеризација. Се што треба е во програмскиот код да се повика една функција што ќе провери дали студентот е во листата на должници. Толку. И со тоа ќе се растерети и библиотекарката, и студентите, ќе се заштеди на хартија итн.
Сакам да прашам нешто. Дали може да се запишеш на факултет на 30 години како редовен студент? Прашувам од причина што моментално не сум способна за учење. Извадив уверение за положените испити до сега. Се работи за приватен факултет-економски. Можеби некои од вас ме забележале на форумов дека се жалам од анксз и имам моментално намалена концентрација за учење. Па ако бидам подобра за 3 години би можела ли да се запишам на било кој факултет?(ако сакам да променам)?
Мене ми кажаа дека мораш да работиш за да се запишеш на факултет на 30 години. Дали е вистина? Или можеби порано било така?
Кога сакаш може да запишеш факултет.Сакаш одново запиши се на друг,сакаш на тој што си запишана факултет продолжи да го учиш.Нема одредена возраст до која можеш да запишеш факултет и на 60 години ако се запишеш ќе те примат,не е битно дали си вработен или не.Единствено ако си вработена вонредно ќе студираш,само испити ќе полагаш,а ако си редовен студент ќе треба и на предавања да одиш.
Да се надополнам еве прочитај.Нема одредено до колку години,ниту мора да си вработена.Иако ти си млада не си пензионерка,ама нека ти биде инспирација.
Здраво. Другарка се пријави на еден смер угд, но се премисли и сака да се префрли на друг смер, дали е тоа изводливо сега дур се уписите и не е почната годината
Пишав на уште една тема, ќе пишам и тука. Денес и се уписите на сестра ми на факс, но сабајле гледаме дека државјанството и го нема, загубено. Наш пропуст, но тоа е. Но ги има државјанствата од мајка ми и татко ми. Дали ако ги однесе на факс ќе и прогледаат низ прсти? Или мора стриктно нејзиното државјанство? Ако да, ве молам кажете ми каде може да извади најбрзо ново, дури и да е со брза постапка. Мвр знам се вади, но секогаш е гужва, постои ли друго место? Ве молам некој ако знае, да пише. Од помош ќе ми е било што
Мора да има нејзино иначе нема да ја запишат освен со молба ако сакаат нахнадно да им однесе, али со оглед дека станува збор за студентски прашања а и гужва ќе биде денеска, тешко. Нека аплицира елекронски преку Е - Услуги ама документот ќе го добиете еден ден подоцна. Така да, најбрзо вие од шалтер на МВР директо. https://uslugi.gov.mk/service/izdavanje-na-uverenie-za-drzhavјanstvo-5363#