Дечки Која беше процедурата за вадење на јсп билет само со празен семестар? Оваа година прв пат беше дозволено и студентарија на инста имаа известување за тоа ама не можам да најдам
Потврда за редовен студент и ја носиш во билетарата заедно со индексот секако. Вака беше. Вајда истово важи и за со празен семестар.
Здраво, дали на Правен Факултет при УГД кога се избира изборен предмет (јазик) за прва година тоа значи дека ќе се предава дел од правото на англиски јазик или ќе се предава англиска книжевност?
Здраво, дали знаете кој ги предава изборните предмети на правен факултет на угд по англиски и македонски јазик?
Здраво дечки, поради неможност да се запишам на првиот уписен рок за прв циклус студии решив да се запишам на вториот уписен рок, конкретно на економски, меѓутоа при најавување на iknow системот економски не ми го покажува како опција, на ранг листите од првиот рок местата се пополнети за редовните студенти но јас ќе се запишувам вонредно и има слободни места. Разгледував ранг листи од претходни години и видов дека има примено вонредни студенти на втор уписен рок. Ме интересира дали некој бил во слична ситуација и дали би знаеле каде да се обратам? Фала ви
https://eccf.ukim.edu.mk/прв-циклус-конкурс-за-упис-на-студенти-5/ Види тука дали за тој смер има место за вонредно, би требало да е ажуриран системот да можиш ако има место да се пријавиш, ако не оди до факултетот во понеделник и прашај како да направиш
Мислам дека приватна, бидејќи студенти со кофинансирање и националност плаќаат исто по 200€ колку што знам.
Дали има некој втор циклус на УГД да ми каже дали имаат редовни предавања? Планирам за информатички да се запишам
За премин од редовно во вонредно на УКИМ дали образецот се купува од негде или ти го даваат директно во диспанзерот кај Кузман?
Сигурна сум дека од овие учат феминке Дипломатија предмет имав, од српска скрипта од 200 страни учев.....
Јзк… Еј книги немаат да им обезбедат асални. Нема доктор у државава шо е доволно паметен книга да напраи
За жал чест случај е ова, особено книги, материјал и литература од бившата држава да се пред 80 години, зошто ние немаме капацитет да преведиме а не пак да напишиме. А има доста издадени и од Република Србија, не само Југословенски. Тоа е, не способни сме. А со ова србоманијата си збира плус поени и е пуштена на најјако..
Греотка.. Не се фер уопште. Кај учат латински и латински изрази, и уше на српски. Не им иде на сите. Ја пример проблем неам.
Добро е што воопшто имаат литература, кај нас за одредени предмети ни велат " за овие теми има многу книги и материјали на интернет, едно зборче да пишете ќе најдете литература". Останатите се на српскохрватски, руски или англиски јазик, многу ретко на македонски ( ако е на мкд има дополнителна литература на странски јазик и се бара 90% од неа на испити).
Здраво на сите, дали имал некој сличен проблем како мојот? Дипломскиот труд го предавам денес, а правото за студирање ми завршува на 30ти септември (по закон за времетраење на студирањето двапати подолго од пропишаното траење на студиите). Дали има шанса до наредната недела да ми закажат одбрана на трудот или ќе си паднам по нова програма ?