Зависи на кој факултет и зависи од ситуацијата некогаш се чека некој ден, два, некогаш брзо се завршува
Во домовите што услови има? Во Кузман колку се во соба? Дали во секоја соба има шпорет?Шкафчиња има ли? Фрижидер во соба?
Не знам кај да прашам, па ај да се пробам овде. Дали знае некој како и каде треба да се достави пријава за конкурсот за студенти од еднородителски семејства? Пишува само ова и ништо друго најдоцна до 6.10.2021 година до Претседателот на Комисијата во својата единица, на објавената електронска адреса, ама немам поим каде да ја барам таа електронска адреса..? За овој конкурс зборувам: http://www.ukim.edu.mk/dokumenti_m/Oglas-za-ednoroditelski.pdf
Треба да ви стигне мејл на сите студенти на кој мејл да пратите скенирани документи (потврда од вработени членови во семејството, доколку живееш со баба дедо потврда од висината на нивната пензија, доколку родителот е починат умреница или доколку родителите се разведени таков документ). Треба да земеш и уверение за положени испити, се плаќа 500ден (бар кај мене е така, од копирница бараш молба за уверение и ти даваат уплатница и лист) и таму ти го изготвуваат уверението. Сите документи ги праќаш на мејлот што ќе ви го достават, а доколку не ви кажат на кој мејл да пратите, оди на студентски прашања или јави им се
Неположен предмет од прва, не го презапишав во втора и сега сакам да го презапишам во трета. Дали ќе паднам квота?
Здраво Прва година на факултет за упис на зимски семестар запишав предмети електронски, па ме интересира дали треба и да се поднесе нешто и до факултет.
Не треба, се ви е запишано на уписот, нели тогаш носевте сведителства, уплатници и се тоа... Нема што сега друго да носите за семестаров.
Дали кај некој што однесе документи за упис на iknow во статус уште му пишува невалиден а свети зелено?
Не се секирај, малце поспоро ги внесуваат лани така беше исто, другата недела ќе ти го средат. Во случај да не го средат пиши им на студентски.
Некој да ми предложи апликација на телефон (android) преку која што може да се снимаат предавањата на Ms teams (со звук и слика) ? Пробав преку повеќе screen record apps ама не ми успеа, не се слуша звук.