Моја другарка доби таква стипендија, она незнаела и си уплатила па потоа и ги вратија парите. Мислам дека таа стипендија ти е само за прва година , ако сакаш да ја задржиш потребно ти е просек 9,5 бар така она ми кажуваше
Доколку некој знае, замолувам за одговор. Дали за стипендииве се гледа колку предмети имаш неположени или само успехот независно од бројот на неположени предмети? Ви благодарам!
Зависи за кој тип стипендија аплицираш.За А и Б мора да ги имаш сите положено и плус да имаш просек, а за В треба да имаш положено 90% од испитите, без разлика на оценките.
Ќе ве молам кој може да ми одговори, кога се пресметува просекот, пример од цела година. вкупно 10 предмети просекот ми е 8,9. и неможе да скријам пример една 6 што ми го квари просекот , и да пресметам просек на 9 предмети со што би ми дошло просек од 9,2.... Или неможе така ??
А каде и како аплицирала? Може некои подетални информации да ми кажеш да знам дали можам се уште да аплицирам.
За Уким од сите факултети се аплицира на исто место? Мене ме интересира за Филозофски каде се аплицира. Јас немам просек доволен и мислев дека само тоа треба за стипендија. Значи ако 90% од предметите ми се положени, а немам просек пак можам да аплицирам така? И сакав да прашам дали ако двата родитела се невработени дали тоа е битно за добивање стипендија?
Дали некој знае за колку години доделуваат стипендија (нормално ако ги исполнувш сите услови), за три или за четири? Мене ми е логично да се 4, ама една колешка мисли дека се три.. Ова го најдов на интернет, ама не го разбирам Стипендијата се доделува за толку семестри за додипломски студии, колку што се предвидени со општиот акт на високообразовната установа, без апсолвентски стаж за студирање.
^ Потребно е да ги исполнуваш и двата услови, односно и минимум 90% положени предмети, но и просекот кој се бара. Семејните приходи секако играат улога, колку се помали толку повеќе бодови добиваш за таа ставка, но просекот е во секој случај императив.
Значи во двата вида на стипендии? Знам досадна сум, ама сакам убаво да се распрашам за да знам дали да предадам. Просек немам и кошто гледам џабе ќе предавам
Незнам дали имам порано прашувано, ама пак ќе прашам. Може ли за два вида на стипендија да се аплицира. На пр. тип А и тип Б и ако може како и на кој начин?
Можеш! Кога ќе биде електронското пријавување ќе се пријавиш и за А и за Б. (значи ќе имаш 2 апликации). После тоа сите потребни документи (потврда за редовен студент, потврда за положени испити, уверенијата за остварени приходи од УЈП и сл.) ќе ги извадиш по 2 пати.
Не ќе извадиш само по еден документ од сите потребни, а другите можеш да ги копираш. За едниот тип ќе однесеш оригинал документи, а за другиот фотокопии. Ќе кажеш дека оригиналот ти се за едниот тип, копиите за другиот тип кога ќе ги однесеш
Значи може. Фала многу и на двете секако. ПОшто многу викат дека неможело така ама ќе ве послушам вас уште да излезе конкурсо
Здраво, сакам да прашам нешто во врска со стипендии, сега сум студент на УКИМ и планирам наредната година да се префрлам на УГД, дали доколку оваа година направам добар просек ќе можам наредната година да земам стипендија (доколку ми одобрат, секако) и покрај тоа што ќе бидам на друг универзитет и друга насока?
Стипендии се доделуваат на сите студенти, без разлика на кој Универзитет се. Има определен број за оние студенти кои се на државните Универзитети, а дел за студенти на приватните. Така да логично би било да добиеш доколку ги исполнуваш условите.