Од колку часот може да се носат документите за продолжување на стипендија и дали има гужви, дали треба да се чека многу?
Работно време е од 8:30 до 16:30, со тоа што пауза им е од 12:30 до 13:00. А, за гужва не може некој конкретно да ти каже, зависи од денот и времето кога ќе отидеш.
феминкии до кога треба да се продолжи стипендијата и дали може со 90% положени предмети, имам неположен колоквиум дали знаете? фала многу р.ѕ. јас ја имам онаа за информатичари
На кој факултет си? Има едно нешто, се вика договор. Во него ти пишува колку предмети треба да имаш положено и до кога е краен рок за продолжување на стипендијата. За онаа за информатичари, краен рок е до 30 октомври, и за секоја треба да имаш над 90% положени испити.
да прочитав во договорот баш сега дека пиши до 30 октомви, само ме бунеше шо лани кога ги носев документите то беше кон крајот на ноември имаше студенти шо носеа документи за продолжување на стипендијата зато прашвам, фала
Вака, годинава влегов во први 10 на факултетот и не платив школарина, дали има сеуште такво правило ако одржиш одреден просек, висок, ке ти се продолжи таа стипендија и нема да платиш за наредната година???или погрешно сум разбрала?
Вака лани зедов стпендија тип Б но си го покачив просекот и сега сакам да аплицирам за А. Треба да чекам да излезе новиот конкурс или..? Сигурно нема логика да ја продолжам тип Б
И кај мене е ист случајот, па сепак си ја продолжив Б стипендијата.Зошто да ризикуваш со А, па не дај Боже, да се случи да останеш и без таа и без таа?Јас би ти препорачала да ја продолжиш Б.
Да прашам некој со претходно искуство... Дали парите за продолжена стипендија стигнуваат порано отколку на оние кои прв пат земаат, или стигаат во исто време/месец?
Не сум сигурна, ама мислам дека лани прво ги исплатија продолжените, а потоа новите. Не е некоја голема временска разлика во прашање, ама прво мислам се исплаќаа продолжените. И логично е поради тоа што ете ние што продолжуваме веќе поднесуваме документи ,а и нема многу работа и анализи, едноставно да се види дали се исполнети условите. За новите конкурсот додека да излезе, па рокот да помине да се достават документи, па се тоа да се провери, УЈП приходи, членови на семејство вработени невработени ова она, ќе помине доста време. Инаку, мислам дека лани доста брзо ги исплатија и едните и другите затоа што имаше избори, па да се покажат и да исперат мозоци каде што можат. Оваа година сум сигурна дека доста повеќе ќе си почекаме.
Порано ги исплаќаат на тие што ја продолжиле стипендијата. Лани првата рата ја исплатија неколку дена пред нова година за продолжените, а за новите не сум сигурна кога, но знам дека беше покасно.
Пред нова година ништо немаа пуштено. Ги пуштија во март некаде, околу 2 недели пред изборите, па пуштија уште 2 рати пред вториот круг избори. Ама сега на пролет некаде треба да има мислам дека претседателски избори, така да можно е и оваа година пред мај месец да си земеме некој денар.
Може ли да се продолжи стипендијата Тип В со 2 неположени испити од предвидени 30 испити ама тие 2 ми се од 3 та година ? И до кога треба да ги однесам документите?
Здраво, мене ме интересира дали УППИ образецот треба да ми го потполнат во студенски прашања и дали треба да пишувам молба или да уплакам некој пари или слично, конкретно за УГД прашувам
На која адреса се праќаат документите за стипендијата.Ја лани ги праќав ама сеа ја заборавив позз фала
Не сум слушнала до сега дека треба и образецот на студентски да го заверуват.Лани ко ги праќавме по прв пат шо имаше исто така образци само ги потпунивме и толку на студентски нишо не правеа..???Чекам одговор ФАЛА ПОЗЗ