По кој основ си ослободена од школарина, во први 10 беше па ти ја продолжија? Ме интересира затоа што и јас сум во први 10 , прва година сум . Па сакам да знам дали ја продолжуваат и колкав просек треба да имаш за да ти продолжат. :geek:
девојки, на педагошки факултет сум и сакам да поднесумав док за стипендија. имам просек 8,5 и сега неможам или што? ај ако некој разбира нека ми казе нешто.. поздрав
можеш да поднесеш само за првата група, тс за социјалната категорија, ако примањата во целото семејство ви се до 30.000, за другите групи не можеш
глупости... значи мојот просек, мојот труд не се вредува доколку имаат моите пари за да ме издржат... срамота.. јас учам за себе ама добро ке беше да си добиев, т.е. да ми се исплатеше трудот, да се вреднувасе ова... разочарана сум во секој поглед...
За социјалните стипендии лани личните примања требаше да бидат до 15000 ден.Јас и колешка ми аплициравме иако личните примања на родителите ни беа далеку повисоки да кажам на колешка ми примањата и беа над 40000 и родителите и работеа во државно и ни одобрија.И дури лани останаа околу 100 слободни места.Затоа она што сакам да ви кажам сите оние кои немате просек за др стипендии а имате положено 90 % од испитите аплицирајте за социјалната ќе дадете околу 1000 ден за документи а ке добиете доста парички.Воопшто не ги гледаат примањата бидејки секоја год им остануваат многу непополнети места.Штета јас го завршив факултетот па нема веке стипендија.А оние кои знаеа за тоа а ми беа добри другарки намерно не ми кажале.Но јас не сум себична и затоа ве советувам да си аплицирате за социјалната,сигурна сум дека ке ви одобрат.Поздрав и собирајте парички од владата?секако ни се заслужени
Над 9,00. Тоа со просекот од 8,5 па нагоре важи само за студентите на Техничките и Медицинските факултети.
За медицински/стоматолошки минимумот е 8,0. За другите е 8,5 мислам, не 9. Така беше лани, колку што се сеќавам...
аплицирај за социјалната категорија, можеби ќе добиеш, и јас имав просек 8.70 планирав да поднесам и за б и за в, според ланската, но ете оваа година се изменети и само за социјалната ќе аплицирам, почнав веќе со средување на документи, па ќе видиме што и како ќе биде
Јас сум во правен..во која категорија треба да се пријавам? А,само да ви спомнам дека моментално ниеден од родителите не работат,па можда би требало во социјалната категорија..
и јас сум правен и ќе се пријавам во социјалната категорија, така да и ти треба таму, други категории за нас нема, освен ако си со просек 9
Да ве прашам за оваа група Трета група - стипендии за студенти запишани на студиски програми од научните подрачја на природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и/или медицинските науки.. јас сум на Факултет за природни и технички науки и не ми е јасно можам да аплицирам за оваа група ?
можеш, па таа група е само за вас само треба да имаш положено 80 % од испитите, просекот не е битенв можеш да аплицираш и во втората група ама треба да имаш просек 8,5