јас лани кога ги носев никој не гледаше во колку си требал да ги однесеш, памтам дека едно девојче требаше да ги однесе околу 4, а јас бев во 12 и таа дојде со мене и и ги примија и и кажаа дека нема врска. Ама твое си е како сакаш, немој да те излажам
Ве молам кој знае да ми каже за на правен,керка ми беше 3 на конечните резултати и нели треба да ги вратат тие 100евра,ама сеуште нема ништо,ако знае некој нека ми одговори
Па не е рано, март-април веројатно новите ќе земат, лани на 27 декември пуштија по три рати на продолжените (од тип А на тие преку тутунска банка(не знам точно за другите)), ама добро, лани парламентарни избори имаше
Јас сум веќе 3 години стипендист, лани како продолжени тип Б земавме март-април, кога беа изборите. Сепак мислам дека ќе си почекаме уште 2-3 месеци.
Девојки кога предавав документи ми фалеше една изјава. Незнам како стварно Ми ги примија документите ама дечко ми ми вика чим тоа ти фалело нема шанса да ти дадат. Абе ај да не ги прегледав 100 пати пред да ги дадам, незнам што се деси како можеше да фали.
Јас сум од информатичарите, лани имаше баш пред Нова година. На информатичарите секогаш најрано им исплаќаат. Прва година ми се случува да поминал декември и уште ништо да немаат испратено. Не е убаво воопшто, има семејтва што одвај ги школуваат студентите, па тие пари им се повеќе од добредојдени.
А може некој да ми објасни кај треба да ги однесам мислам неможам да се ориентирам а имам завршено средно во Скопје.. ?
во зградата на нова македонија, општина центар, близу е рамстор и зградата е веднаш до европскиот факултет
тоа е, што да се прави... и јас извадив од ујп за моето семејство и за на мм семејството, ама ги внесов само податоците таму каде што живеам, во електронската пријава, и одам таму им кажувам што и како, и ми велат ако дај ми ги и на тие и на тие, велам ама внесени ми се само од семејството на мм ми вели добро, и ако ги рачунат и двете фамилии, нема шанси да добијам, ем во електронската пријава не ми е точна сумата на платата, ем платата изнесува поглема од 30.000 ништо ни останува само да се надеваме
Девојки дали стипендиите за студенти од социјални категории важат и за бруцоши или не ?? ве молам некој да каже.
девојки јас ги однесов денес документите и само не ми беше потполнет евидентниот лист и жената ми рече да ги потполнам додека така таа друга ми ги зема и ми даде ливче и реков дека не ми се потполнети вели дека немало врска имала податоци за мене на други документи, па дали тоа што ми беше празен листот има некоја врска или нема.фала мн
Не би требало да има врска. И јас имам утнато нешто. Ама дечко ми слушнал дека ако само едно нешто фали или не е ок, дека одма одбиваат. Не би требало ама се е можно