За бруцоши нема стипендии, меѓутоа можеш да си поднесеш молба до деканат за да ти намалат партиципација со објаснение дека имаш многу ниски семејни примања. Е сега, малку потешко е ако си во државна квота, ама знам колешка што во прва поднесе таква молба, во државна квота беше, ама со двајца невработени родители и и намалија на 120 евра (не сум точно сигурна, ама знам дека и намалија) годишна партиципација, па од втора си фати и стипендија. Можеби не е ова за во темава, ама мислам дека ќе помогне некому.
И мене не ми беше се точно заокружено на евидентиниот лист и ми рекоа тоа било најмал проблем, битно документите да ги имам, па незнам ќе видиме
Не ми се отвара страната. На фб читамдека нема резултати туку дека биле само готови. Вие видовте дека има резултати?
Ах да е за мене.. цел сервер ќе падне. За братучедка ми е, сакам муштулук да и фатам. Стварно не знам зошто не ми отвара.
има резултати само за трета група..т.е. мене само тие ми ги отвара и за втора група информатичките стипендии
Нема потреба да отвараш го имаат постирано документот во групата Студенски Кредити и Стипендии на ФБ што е
До сега ги имаат постирано само од трета група и втора група ама само информатичките.Други нема, сигурно не се уште ставени на страната.
Кандидатите на кои им e доделена стипендија, потребно е да достават три пополнети копии од договорот за соодветната стипендија и тоа: -договор за стипендија – Прва група -договор за стипендија – Втора група -договор за стипендија за студенти запишани на студиски програми по информатика -договор за стипендија – Трета група и читлива копија од денарска трансакциска сметка на име на студентот (резидентна сметка). Горенаведените документи да се достават по пошта најдоцна до 20.02.2014 година на адреса: Министерството за образование и наука, Ул. Св. Кирил и Методиј бр.54, 1000 Скопје, со назнака на пликот “Договор за студентска стипендија”. Каков е тој договор? И каква копија, од која с-ка?