Не е брат ми на инфроматичката, не студира информатика, беше за техничките и медицинските науки втора група мислам дека беше кај шо просекот се бараше да е над 8.5.
Ади на фб групата една девојка пишала да се почекаат конечните списоци на 14, зошто и неа вака лани ја немало, а на конечниот ја имало.
Договорот за стипендија мора преку пошта да се прати или може пликот да се остави во министерство? Пошто блиску ми е и секој ден поминувам од таму, па ако може да го оставам таму зошто да го праќам по пошта.
Пишуваше дека треба преку пошта, не пишуваше ниеден друг начин. Ама јави се или прашај таму кога ти е веќе блиску, они најсигурно ќе ти кажат.
Ај некој да ми објасни подетално Овај договоро шо е да го копирам треба на 3-пати? и плус трансакционата да ја копирам и сето то во плик да го пуштам во министерство преку пошта така?
А од каде треба да се извади бројот од трансакционата?Јас имам отворено сметка но не си го знам бројот.Ме интересира дали во банката би ми го дале како документ кој се бара
^^ Па мислам дека треба картичката пластифицираната шо ти ја дадоја од банката, копирана да е на неа ја има трансакционата...
Јас сум трета со просек 8,3 и сум од биотехнички фак,ама јас аплицирав и за прва со примања кои стварно ни се ниски и таа не ја добив, а брат ми таа ја доби...што знам што е работата што ги имаат одбиено.Моја колешка со просек скоро 9 аплицираше за трета и ја одбија, ама таа се сомнева дека имаше грешка во документите, зошто во уверението имаше еден бр на кредити, а во апликацијата др или така нешто и беше.Може поради грешка не сте добиле.
А тие што земаат стипендии им се исплаќаат или слабо ? Јас ученичка стипендија добив на последниов конкукрс и до 20-ти јануари требаше да поднесеме трансакциска и од тогаш ниту трага, ниту глас од Министерството, им пишав и на Facebook и на yahoo и не враќаат воопшто. Се извинувам што мешам ученички стипендии во студентски, ама ако некој знае нека каже дека немам никаква информација. Кажаа нели од Владата дека нема да ги “ замрзнат “ исплаќањата ( нели кога се избори исплаќаат само плати и пензии колку што јас знам, но рекоа дека за овие избори нема да биде така ).
Да прашам,ова што е да се достави копија од трансакциска сметка,јас ја скенирав таа картичката од шпаркасе што ја имам што ми е за трансакционата сметка,и таа да ја испечатам и да им ја пуштам?
тоа пластифицираното што е каде што пишува име,број на сметка и партија значи не картичката со која што можеш да купуваш и ваѓаш пари туку едно ливче што го даваат одма кога ќе отвориш сметка и таму ти го пластифицираат...барав слика ама неможам да најдам...тоа да го ископираш од двете страни и заедно со договорите во пликото
ее фала ти многу,така мислев тоа пластифицираното. го скенирав од двете страни,ке го испечатам и така ЧД
Исто така имајте во предвид дека не даваат пластифицирана картичка со бројот на трансакциска во секоја банка, можеби ќе треба дополнително да побарате.
Да, мене во НЛБ Тутунска не ми дадоа картичка, туку лист на кој го пишува бројот на трансакциската, го копирав и го дадов со документите. За неколку дена треба да одам да подигнам картичка за банкомат.
Јас го напишав парниот зошто ми е запишан. Незнам дали треба. Инаку да не знаете за колку време одприлика ќе ги исплатат? Јас бев во мон, ги дадов документите и го прашав тој што ми ги зема ама беше еден нервозен, одвратен и не сакаше да ми одговори.
Ако сте прва година стипендисти, вам малку покасно ќе ви ги исплатат. Првин се исплаќаат на старите корисници, па после на новите. Но, пред изборите СИГУРНО ќе имате некоја рата.