Дали може некоја од вас да ми пише ЛП, бидејќи имам нешто нејасно во врска со стипендиите кои ги дава владата за примените студенти на 100те најдобри универзитети во светот. Благодарам
Девојки дали овие за стипендииве од министерство имаат грешка некоја ... Како е можно со мојот ИД број да стават друг со исто име а друго презиме ????
Ова и мене ми се случи истото и баш се чудев. Незнам како е можно тоа да го направат, мене дури и будала ме направија. Да не си ти таа со мојот ИД хехе
Добив информација дека стигнала одредена сума на старите корисници... Јас лично уште немам проверено, но така ми кажаа денеска, така да, проверете.
Јас од тоа што разбрав примиле тие од Тип А. Јас сум Тип Б, али денес не проверив. (дожд имаше ) Вчера немаше ништо. Но, штом ги исплатиле Тип А, кај и да се, следната недела би требало и на нас нешто да ни пуштат
Мислам дека тие ќе пополнат, договорот е склучен тогаш кога тие ќе потпишат. Ама сеедно, не би требало тоа да биде проблем
Јас го оставив непополнето и кога го дадов таму (не го испраќав по пошта) не ми рекоа ништо. Они ќе го пополнат тоа на датата кога ќе го потпишат.
Јас имам тип А од продолжените и завчера вечер кога проверив беа стигнати на сметка пари. За другите два типа не знам дали исплатиле, ама кај и да е и да не се ќе треба овие денови.
Јас не знам дали да го пратам препорачано во понеделник или да го однесам лично во вторник договорот?Како е најпаметно што мислите, ако го пратам по пошта ќе стигне на време? И уште нешто во договорот го пишавте семестаров кој сега го запишавте(пример јас 6ти) или семестарот во кој аплициравте? И дали има врска ако двострано е испечатен договоров?
Нема веза што е двострано испечатен, иначе мислам дека е поарно да го однесеш таму, а семестар јас пишав парен, а не во кој аплицирав ама незнам тоа дали е точно.
Значи вака, јас си имам моја сметка на халк банка, отворена ради електронско плаќање за факултет, и си префрлам пари на неа и си плаќам електронски кога имам потреба. Ќе може ли таа сметка да ја дадам, или треба друга ?
Ако можеш парите да ги вадиш од банкомат и на шалтер онда можеш, ако не (зошто има и такви, што не можат да се подигаат пари) онда неможеш.
Па да да можам, и имам пазарувано нешто ситно неколку пати. Извини уште ова ако можеш да ми кажеш, дали е проблем ако ги однесам во МОН договорите, или мора по пошта, бидејќи каснам и незнам дали ќе стигнат некако страв ме фаќа ?