Дали повторно ке добијам кога ќе аплицирам за продолжување на договорот доколку ми е покачен приходот? Оваа година зедов стипенција, онаа што беше со приход.
Провери во договорот што ти пишува, кои се документите кои треба да ги доставиш при продолжувањето. Ама мислам дека штом еднаш ти дале, понатака ти е важно само да го задржиш просекот.
Дали доколку студираш на два факултети истовремено има шанси да не ти одобрат стипендија? Притоа на вториот факултет оваа година да почнуваш?
Зошто да не одобрат ? Ќе си конкурираш со просекот од првиот факултет. Мислам дека не мора да пријавиш дека студираш втор факултет. Патем, сега е актуелно студирањето два факултети истовремено. Важен е просекот само
Стипендијата Б категорија ( онаа што е над 8.5 просек за технички науки и над 9.00 просек за општествени науки ) има шанси да се добие со просек 9.5 ? А со овој просек да се конкурира за онаа за информатички студии нема шанси да се добие, нели ? За оние кои добиле стипендии не пишува кој колку просек има , знае некој кој бил минималниот просек за да ја добиеш стипендијата под Б минатите години ( знам , променливо е секоја година во зависност од кандидатите :? ) ? Со просек 9.5 секогаш било добитно изминативе години ? Или еве барем последнава година со просек 9.5 студентите ја зедоа стипендијата под Б ? Молам за брз одговор
Скоро слушнав од други факултети на УКИМ дека има стипендија, за тие што имаат просек над 9.5 не плаќаат школарина Дали е за сите УКИМ а си ќутат за да не знаеме и да платиме или само одредени катедри на УКИМ?
Пред 2 год кога јас бев студент,оние кои можеа да конкурираат за А,а не им беше многу повисок просекот,не беа сигурни дека ќе им одобрат,конкурираа и за А и за Б и подоцна ако ги одбијат за А поднесуваа за Б документи
Да прашам може некој знае кога излегува конкурсот за стипендиите што ги доделува Алкалоид за медицинари и фармацевти и кои услови треба да се исполнат за да се добие ?
Дали во еден семестар не можеш да имаш повеќе од 35 ЕКТС? Имам еден испит презапишан од прв семестар во трет и плус сите други 5 испити кој ми беа од трет семестар(не направив замена на презапишаниот испит со некој од новиве испити)може ова да ми прави проблем? За стипендија или било што друго?
Знае ли некој кога се аплицира за стипендија за бруцоши, но онаа што е за успехот во четврта година средно? Бидејќи е од средно, претпоставувам дека би требало да е на почеток на семестар?
Сега сум 3 год. на факултет, лани земав прв пат стипендија за висок просек од трета категорија со просек 8,9 и сите положени предмети. Годинава значи од втора година имам 2 неположено од предвидени 7, за прва и втора година значи предвидени 16, а положени 14 предмети без нив два просекот ми е 8,7 дали оваа година имам шанси да ја продолжам стипендијата, со оглед дека во договорот стои имам право на 80% положени испити од 100%. Одговотете ми.
Дечки, лани ја примив стипендијата што е за социјална категорија, но сега си го покачив просекот и сакам да аплцирам за повисоката. Што треба да правам сега кога ќе дојде рокот за продолжување, да ја продолжам или да чекам да искочи конкурсот ? Фала ви однапред
Така ми кажа еден другар што е трета година на факултет.... и јас не знаев за ова. Навистина нема? Да знам да не се глупирам да прашувам на факс.
Тоа не се стипендии, туку ако си во првите десет на списокот што си приман, тогаш прва година ти е без партиципација, ама не ти даваат пари и само во прва е тоа.Јас бев, така да ви кажувам во прва нема парична стипендија.