И јас ќе се вмешам во разговоров бидејќи имам видено на огласна табла на мојот факултет( поточно за ПМФ правам моабет) за овој вид на стипендии. Значи ова е од 2012/2013 одлучено да се практикува на УКИМ. Постојат 2 вида на вакви стипендии. 1. Просек од 10 - 9.51 е ослободен од плаќање 100% од студирањето во тековната година. 2.Студент со просек од 9,50 - 9.00 е ослободен 50% од плаќање на студирањето во тековната година. Просекот се смета од сите години на студирање не само од претходната. Е сега што видов лани мн ме изнервира оваа вторава категорија беше тргната и само просек 10- 9,51 се ослободени од плаќање. Така да прашајте си на Вашите факултети.
Женски јас зедов стипендија, еве слушам дека скоро кај сите му стигнал договорот, кај мене ништо нема стигнато Почнувам и веќе да се плашам А колку положени испити треба да имаш за да продолжиш стипендија јас ја земам под А 80 или 90 %?
вака, земам стипендија тип Б но оваа година имам просек да аплицирам и за тип А, па ме интересира дали можам да ја продолжам досегашнава стипендија и после да аплицирам за тип А или не е можно штом веќе ја продолжам истава стипендија?? некој да сподели искуство?
Ако веќе си земала стипнедија од тип Б и сега сакаш да ја продолжиш неможеш да аплицираш за А. А колоку се откажеш од стипендијата Б тогаш како и сите останати студенти одново можеш да си аплицираш за А. Ама те советувам добро размисли. И јас така сакав да направам ама кога подобро ќе размислам, не доаѓа во предвит тоа да го направам.
Прв пат слушам јас за ова. Јас студирам на ПМФ и имам просек 9.55 па доколку навистина постои вакво нешто би било супер. На која огласна табла го има ова?
Изминативе години отприлика кои документи биле потребни при аплицирањето за стипендија? И дали секоја година потребни се истите?
За аплицирање стипендии кога треба? Што треба? Ама сакам за просек Спојлер - 8.7 .... со два неположени предмети
kolku treba da e prosekot za stipendijata so e za prosek pod V ili B..kolkava e cenata i kolku ispiti mozes da padnes? fala
Кога почнуваат конкурсите за стипендија и што и каде е потребно да се достави? Јас сум прва година ама ми рекоа дека можам да си конкурирам па колку и дали ќе земам ќе зависи од успехот кој допрва ќе го постигнам. Точно ли е ова?
за прва година нема стипендија односно стипендијата се зема уназад...во втора година за прва итн..значи догодина ќе можеш да конкурираш
Ааа во ред, фала ви многу. Ова дефинитивно и повеќе има логика, затоа што не може да предвидат каков ќе ти биде успехот во текот на целата година.
Треба да си најмалку втора година на факултет за да имаш право да аплицираш за стипендија. Стипендијата се зема за година уназад, на пр ако си втора сега ќе ја земаш за прва , и така натака. Инаку конкурсите се појавуват некаде крајот на ноември или декември, и таму ти пишува кои документи треба да ги доставиш во зависно за која стипендија сакаш да аплицираш и ги доставуваш до МОН. Во зависно од просекот можеш да аплицираш за 3 вида на стипенди. Категорија А е од социјален карактер и за неа просекот треба да ти е над 7, услов за продолжување ти е да имаш положено над 80% од предвидените предмети и товите родители да имаа примања до 30.000 ден месечно мислам. Стипендија Б има две категории едната е информатичарка за просек над 9, а втората категорија ти е за сите други факултети исто така со просек над 9 или 9.5 не сум баш сигурна, за да ја продолжиш оваа стипендија мора да имаш над 90% положено од предвидените предмети. И третата В стипендија ти е за студенти на медицниски факултет, пмф, технолошко металуршки и сл.Таа ти е со просек над 7, и за да ја продолжиш мора да имаш над 80% положено од предвидените предмети. Ова ти е од ланскиот конкурс. За категорија Б и В не мора да се носи обрзци за остварени приходи од родители и самиот студент. Се надевам дека ти помогнав.