За стипендија категорија А ( социјална) и В краен рок за продолжување е 30 НОЕМВРИ. Додека категорија Б краен рок и е 30 ОКТОМВРИ.
Ми помогна и тоа како, фала ти многу. А таа од социјален карактер значи е и за студенти со разведени родители, што значи со примања од еден родител?
Треба да се откажеш од таа што ја имаш, тоа значи дека не треба да ја продолжуваш туку да пратиш некое писмо кое сама ќе го напишеш до МОН и ќе им објасниш дека не сакаш да ја продолжиш и дека ќе аплицираш во новиот конкурс. Па ќе чекаш да излезе новиот конкурс и одново ќе си аплицираш. Како и да е среќно.
До Lovely93 Не е баш за разведени родители, но и може, потоа за студенти од родители кои се во пензија, за студенти од родители кои погинале во војна, студнети со инвалидитет, или стиденти на кои родителите им земаат плата помалку од 30.000 денари обајцата, студенти од невработени родители, социјални случаи и слично.
Па сфатив дека не е конкретно за разведени родители, но ме интересираше дали јас како таков случај можам да си аплицирам. Затоа што сакам да аплицирам, а од овие кои ги наведе мислам дека ниедна не одговара за мене...
Не знам дали знаеш но имаш можност да кога ќе аплицираш за стипендија можеш да алицираш за две, од кои во едниот комплет од докумети ќе ги ставиш оргиналите а за другиот комплет документи кои ќе ти се за другата категорија за стипендија ќе ги ставиш копиите и писмо дека оргиналите ти се во др. комплет за другата категорија, па на крај тие ќе одлучат за кој тип стипнедија повеќе исполнуваш услови и ќе ја добиеш.
Девојки каде треба да го доставам документите за продолжување на стипендијата? Директно во министерство?
Дали е проблем ако документите за примања на родителите се од Србија, а студентот има МК државјанство и е заапишан како МК студент? Дали се признаваат документите од др земја?
A луѓе оние кои лани прв пат добија и е од оние со 8 просек, на технички факултет, кога е рокот?Зошто на договорот ми пишува 30 ноември, а некаде читам некои коментари кои ми прават забуна...некој знае со сигурност?
Ако ти пишува до 30 Ноември значи до 30 Ноември е. И јас ја земам таа стипендија така да до тој рок ќе ја продолжам. Воопшто не се буни. Раководи се според договорот.
Ве молам за помош... На договорот за продолжување на стипендија ми пишува дека доколку се промени факултет или насока дека треба министерството да се извести. Денес цел ден звонам и никој не ми се јави. Едно девојче ми кажа дека претходната година на страната на мон имало објавено таков документ со што студентот ќе го приложи дека му е сменета насоката или факултетот. Денес цела страна ја пребарав и го нема. Навистина би ве замолила доколку не ви е проблем да се распрашате по ваши колеги доколку некој се соочил со ваков проблем и доколку го има документот некако да го добијам. Навистина ми значи и ви благодарам. Поздрав
Не ми е нешто јасно околу стипендииве. Пишува дека се доделуваат 630 стипендии група Б. Овие се само за оние кои конкурираат во втора година ( со просекот од прва )? Или во тие 630 се опфатени и студентите од погорните години? Ако се добие стипендијата под Б ( просек од прва 9,6) и наредната година повторно имаш просек со кој се исполнуваат условите ( пример од двете години просек 9.2) само подддаваш документи во Министерство и сигурно ти ја продолжуваат стипендијата или не мора да значи ? Зависи од останатите кои конкурирале на новиот конкурс дали имаат просек повисок од мене или важно е само да имаш просек над 8.5 за медицински/биотехничи/техничко-технолошки факултети ?
Излезен е конкурсот за стипендии. Е сега, отворете ја онаа Изјава за лични податоци. Во неа пишува „согласност за студентските домови“. Претпоставувам дека е грешка. Така би се искомплицирале работите и не би ни ги прифатиле документите. Што можеме да сториме?
в) Трета група - стипендии за студенти запишани на студиски програми од научните подрачја на природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и/или медицинските науки Дали овде спаѓаат и студенти запишани на информатичките факултети ? Бидејќи има посебна стипендија за информатичари со просек над 9.00...Дали тоа значи дека ако просекот ни е под 9, треба да аплицираме за оваа стипендија?
И јас сум информатика, и истото сакав да прашам. Логично би било да може да се поднесе и со под 9 просек, но сепак не знам. Дали ако сакам да поднесам за две категории, треба дупло документи да се извадат или копираат и дали треба два евидентни листови?
Прашање.. Дали може студентите што се 3 година да аплицираат? Пошто малку ме буни мене ова.. „студентите во II-та студиска година да не се/биле постари од 22 години“ (наведено е во конкурсот)
Имам неколку прашања и ве молам некој што веќе има конкурирано и добиено стипендија претходните години да ми одговори. 1. Студентот (име презиме) со индекс број (...) за прв пат е запишан во студиската (која година се пишува оваа сега 2014/2015 или годината кога си се запишал во прва?) година 2. Кога пишува ОД треба да стои општина или град? 3. Број на членови на потесно семејство е мајка, татко, брат, сестра? или луѓето од семејството со кои живееш? Ако немам брат и сестра треба да пишам 3? 4. За тие што конкурираат за стипендии со висок просек дали треба во евидентниот лист за пишат нешто кај делот приходи на семејство или треба да се остави празен заради тоа што не се носат документи за приходи? Фала однапред.