Фала ти многу Сега знчи договорите ќе ни стигнат дома? Лани ко да видов беа исто на страната и да се испринтаат само..
za tie sto zimaat prvpat da , ke vi stignat potvrdite na domasna adresa,pa posle ke treba da im pratite povratno pismo so dogovor potpisan, tie sto zimaat veke vtora, treta godina, a gi prodolzile dogovorite, ke im legnat samo parite na smetka do kraj na mesec bez pismena potvrda na dom. adresa .
Министерството за образование и наука им соопштува на сите студенти, на кои им се доделува стипендијата дека потребно е да достават три пополнети копии од Договорот и тоа: - договор за стипендија Прва група - договор за стипендија Втора група - договор за Трета група - договор за информатичари и читлива копија од денарска трансакциска сметка на име на студентот (резидентна сметка). Горенаведените документи да се достават по пошта најдоцна до 28.02.2015година на адреса: Министерството за образование и наука, Ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, 1000 Скопје, со назнака на пликот “Договор за студентскистипендии- Вид на стипендии”. Министерството за образование и наука ги информира сите кандидати (вклучувајќи ги и тие што добиле стипендија, како и тие што не добиле стипендија) дека за одлуката на Комисијата дополнително ќе бидат известени и на домашна адреса. За подетални информации може да се обратите на тел. 02-3140-147, Билјана Штергиска и Рахиме Мемеди. Извор
Дали сите студенти што се наведени во овие резултати се исто така и добитници на стипендијата или ова е само како евиденција на тоа кој поднесол документи?
Здраво девојки, јас требаше да ја продолжам стипендијата, а не знаев како оди процедурата и си аплцирав на страната и поднесов документи како за прва година и на овие списоци ме нема, па да ве прашам дали знаете што треба да правам т.е. дали сум одбиена, дали ќе ми стигне решение за одобрување/одбивање или да чекам на сметка...? :/ Фала ви пуно
Ако не си поднела документи за продолжување, не ти е продолжена и нема да ти стигнат пари на сметка. А штом те нема на овие списоци значи си одбиена. Незнам, пробај со жалба или најдобро јави се и прашај они најдобро ќе ти кажат. Ама како и да е, вака во овој случај моментално немаш стипендија.. Инаку, лани да не му текнува на некого кога ја пуштија првата рата за новите стипендии?
Мислам дека пред избори имаа пуштено рата - стандард. Не се сеќавам баш најдобро зашто не ја проверував сметката редовно, нека каже некоја која подобро се сеќава, баш ме интересира годинава кога ќе пуштат.
Ок фала ти, инаку мислиш дека треба да почекам решение или веднаш да поднесам жалба и каква содржина треба да има од прилика? Инаку, минатата година во втората половина од април пуштија прва рата.
Да знам за тоа, но затоа што јас требаше да ја продолжам, а уствари одново аплицирав и поднесов документи како за првпат и ме нема на списокот...значи ќе ми стигне решение во секој случај и тогаш треба да поднесам жалба? Има некој слично вакво (глупо) искуство? хаха
Јас мислам дека штом не си пратила документи за да продолжиш, фактички се откажуваш од стипендијата што претходно си ја имала и конкурираш за нова, а најверојатно вака размислуваат и во министерството. Штом те нема на списокот, ќе ти стигне решение дека си одбиена и причини зошто си одбиена и тогаш ќе си поднесеш жалба. Не сакам да те разочарувам ама на неколку девојки, решението од жалбата им стигнало после година дена. Сепак, со среќа.
Па, може за една недела веќе ќе ги пратат бидејќи мора да ги пратиме потпишаните договори до 28 овој месец.
Вака, ако може некој да ми објасни... го пратив договорот за стипендија напишав адреса ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, 1000 Скопје со назнака Договор за студентси стипендии-Прва група... ама не напишав Министерство за образование и наука.. Изумив И сега незнам дали воопшто ќе стигне пликот таму, а да пратам уште еднаш да не стигне два пати.
Ако може некој да ми помогне, има ли некој на форумот кој студира медицина во Словенија со стипендија, ако има каде се аплицира каква е стипендијата и слично, доколку студира без стипендија би сакал да знам дали е скапо таму. Поздрав
Здраво девојки, да ве прашам дали знаете како би требало да биде формулирана жалбата што треба да се поднесе до МОН поради одбивање за стипендија? Фала ви