Кај кои корисници на стипендија има стигнато рата, само кај старите кои продолживме или кај сите? Кај мене се` уште нема ништо, од непознати причини.
Постара другарка има продолжено стипендија уште пред месец и стигнаа парите, јас сум од новите и прва рата ми има стигнато уште пред 2 недели
А доби решение од МОН ? Не знам како се снаоѓаат низ овој хаос, некои што ги познавам уште немаат добиено решение, а парите им стигнале на сметка. Јас ќе проверам во понеделник, не дека ми требаат пари во моментов, ама да бидам мирна дека стигнале.
Мене ниту решение, ниту договор ми има стигнато. На колешка што испратила по пошта и има стигнато се, јас однесов до МОН, а и сите други што ги знам немаат добиено ништо, ама пари на сметка имаат
Дали има стипендија за прва година на факултет, и кои услови треба да исполнува некој за да ја добие?
За прва година нема стипендии, треба да имаш просек, па дури во втора година да конкурираш на конкурсот што ќе го објават. Инаку @Mishela вчера стигнале и договорот и решението дома.
Здраво дечки. Ме интересира за стипендијата за која услов е да имаш положено 80% од испитите,кога се аплицира,колку изнесува на месечно ниво и која е границата за вкупниот семеен приход. Фала
Ме интересира дали во просекот на 90% положени предмети се сметаат тие само од минатата година или и од тековната, затоа што нели конкурсот излегува ноември-декември, а првите колоквиуми на пример се веќе почнати па се прашував... и како иде бодувањето, тие работи... благодарам
Која година ќе бидеш од октомври, втора? Го сметаш вкупниот просек од сите години или од прва година - ако кога ќе аплицираш си запишала втора, без тековниот семестар. Тие резултати од тековната година ќе ти влезат во улога дури наредната година кога ќе го продолжуваш договорот за стипендија.
Здраво. Имам прашање во врска со стипендиите од социјална категорија.Колку треба да изнесуваат месечните/годишните приходи за да се зема таа стипендија?
прочитав погоре дека сте напишале дека нема стипендии за прва година , дали се однесува тоа за стипендиите за социјални категории ?
Има ли неκој инфо κога ќе пуштат за тρета гρупа, знам деκа ниκој нема добиено втоρа ρата.ШТО ИМ Е ФИЛМОТ БЕ, очајно ми тρебаат паρи а ги нема.
И мене за трета група од новите ме интересира. сеуште ништо од втората рата. На сите други им е целосно исплатено?
Sakam juli I avgust da rabotam vo firma a tamu si osiguran, pa dali znaete dali ke imam pravo da apliciram za stipendija?
Имаш право. Стипендијата е за 9 месеци. За јуни, јули и август не се зема стипендија. Нели стипендиите ќе беа покачени за 10 %. Јас сум втора група и зедов 37 000 ( прва рата 20 000 , втора рата 17 000). Покачени ви се стипендиите ? Или ќе ги доисплатат уште 2600 денари понатаму? Имате некоја информација ?