оваа година прв пат ке аплицирам за стипендијаа,на фзф сум и имам просек 9,2 а вкупните примања на моите родители се некаде околу 26000 ден.Јас сакам да аплицирам за втората категорија според просек но не знам дали ке ме примат во таа пошто сум на долната граница..дали да си аплицирам и за првата категоријаа ?
Девојки, во евидентиот лист не е наведена 7. Изјава на кандидатот дека не е корисник на друга стипендија. Каде да се пожалам дека треба да го сменат? Во Контакт, или директно на нивната е-маил адреса? Или треба да правам профил (Најави се?)
со исти документи за две групи може да се пријавам ке прават проблеми или да однесам за една група оригинал за друга копија
Дали ако сакам да аплицирам за две или три стипендии треба да однесам едни документи, или три различни? И дали некој има искуство со тоа да добил некоја стипендија за која што за многу малку не го исполнувал просекот,а сепак бидејќи немало доволно луѓе кои аплицирале го одбрале него? Фала многу
Дали ќе ми прават проблем од министерство ако им однесам УППИ образец кој е корегиран, имам згрешено кај бројот на предвидени предмети потоа го преправив и така ми го заверија на студентски. Или пак да испринтам на ново и да одам во архива да заверам, дали ќе може без да плаќам повторно? И да не ми прават проблем бидејќи јас веќе еднаш имам заверено.
Доколку аплицирате за повеќе стипендии се доставува една комплетна документација, не треба дупли документи.
а) Прва група - стипендии за студенти од социјални категории 1. Постигнат успех од претходните студиски години до тековната 2015/2016 година за сите студиски програми. По основ на овој критериум може да се добијат најмногу 20 бодови. Колкав треба да биде успехот ? Мене ми е 7,5 дали е можно да не ја добијам стипендијата со оглед на просекот, а притоа ги исполнувам сите останати услови за стипендијата од овој вид... ?
Немаше конкурс годинава, рокот најверојатно беше до 31.10, а претходно некои членки кажаа дека (најверојатно) за прва група роковите за продолжување се до 30.11. Провери на студентски прашања кај тебе на факултет, ние толку знаеме.
Дали доколку сестра ми е мажена и има дете, а жиевееме на иста адреса, а при тоа само мајка ми е вработена, треба да ги напишам и нив во потесно семејство или само јас и мајка ми, или јас мајка ми и сестра ми?
ке доставам една комплетна документација а каде да пишам дека аплицирам за две категории или таму треба да кажам
Дали после електронското бирање на термин за носење на документите треба и да се јавиш за да се потврди терминот ? И дали може уште од сега да си закажам зошто си го одбрав терминот на 30.11 ? Ве молам за одговор
Во евидентниот лист ќе напишеш дека апицираш за два вида стипендии и ќе носиш два идентификациони броја од електронско пријавување.
Мислам дека не треба ама за сигурно прашај ги овие од министерство. Еве ти мејл ramadan.osmani@mon.gov.mk
Никакво телефонско јавување не ти треба. Закажуваш пример на 30.11.2015 во 12:30 и одиш носиш документи.