@Jordanovska-K Па и јас тоа велам Бидејќи не прашувам лично за мене, сакав да се консултирам за да го потврдам мојот исказ, да не сум случајно во грешка. И мене ми е нелогично да се носат дупли документи, тогаш зошто во евидентниот лист би постоела опцијата да се пополни повеќе типа? Thank you!
Здраво девојки. Дали знаете каде можам да се пожалам за екстремно некултурно однесување на шалтер. Кога ги поднесував документите во МОН, господинот кој беше на шалтер ми кажа дека сум одбиена и дека нема да ми биде доделена никаква стипендија иако ги исполнувам сите услови и аплицирав за повеќе стипендии. Секако не ни погледна во документите за да се информира. Потоа ме нарече неписмена па ми префрли зошто сум аплицирала за стипендија со просек таа била само за најдобрите и на крај ми го фрли индексот притоа уште неколку пати повторувајќи дека сум одбиена уште истиот момент.
@miss-k Како тоа тој проценил дека си одбиена уште истиот момент? Оваа е крајна глупост. Дали студентот е одбиен или изберен, ќе се знае на крај на месец. Провери на страната на Министерството, како се доставуваат поплаки.
Девојки, за тие што веќе поднесовте документи, да ве прашам: За втора група, во Евидентниот лист, Вкупно доставени документи ви ставија 7 или 8? Кај мене ставија 7 (без идентификациониот број), а кај други колешки 8. А и мислам дека не ми штиклираа како што треба? Ќе прават проблем?
Девојки јас имам нејаснотии околу декларацијата. Мене сметководителот на фирмата ми даде копија од декларација, а во барањето гласи заверана декларација. Каква е таа ? Можам да одам со копијата или што да правам? Ве молам за брз одговор за да стигнам на време да набавам што е потребно.
Дали во изјава за семејна положба кајшто стои делот лица кои не се во работен однос и не примаат други приходи треба да го пишам и татко ми или не бидејки тој не е во работен однос ама има други приходи? И дали треба да се доставува и изјавата дека не сме корисници на друга стипендија бидејки во евидентниот лист не е наведена? И каква е и дали треба таа изјава за број на членови што стои во евидентниот лист, бидејки такава немаше објавено со конкурсот?
Девојки оние кои аплициравте за две категории на стипендии дали кога ги поднесувавте документите ви дадоа два листа со бројче или само едно?
Мене ми дадоа само едно ливче, иако аплицирав за две категории. Оваа година очигледно е дека не ѝм посветуваат доволно внимание на студентите кои аплицираат, ниту пак соодветно внимание на документите. Мене лично не ми ги ни погледнаа документите, веднаш ги спакуваа во плико без притоа на евидентниот лист да забележат кои документи се приложени, а кои не. Се си мислам дека е истиот горенаведен господин (одговорниот за прва категорија)
Потполно се согласувам со тебе ! Очигледно на луѓето вработени на шалтер им е смачен животот... Истото и мене ми го направи таа на вториот шалтер, само ги погледна набрзина, мислам дека не ни штиклира нешто во евидентниот лист, само удри печат и се потпиша. Го разлиста индексот и документите ради реда и само ми даде бројче. Од вакви луѓе вработени, а непосветени на работата од утре може да ми стигне писмо дека сум одбиена поради непотполна документација, иако ги исполнувам сите услови (лани слушнав многу поплаки баш заради ова или местенки со твој просек и документи, а друго име и презиме) Неколку другарки аплициравме, на сите различно ни побараа документи (иако за ист тип на стипендија). На едната им зедоја државјанство, документи за УЈП и плата, јас ја прашав ми рече самите ќе си ги обезбедиме... Навистина да не знае човек повеќе што да мисли.
Дечки ќе мoже ли некoј дa ми oбјaсни нештo? Вaкa, плaнирaм дa се пријaвaм зa стипендијa и еден oд критериумите зa дa јa зaдржaм стипендијaтa е oсвен прoсекoт, дa се учествувa вo двa oпштественo oдгoвoрни нaстaни и дa се учествувa вo клубoт нa тутoри. Кaкoв е тoј клуб нa тутoри и кaкви се тие oпштественo oдгoвoрни нaстaни?
Има ли резултати ??? Ај ако има нека објави некој тука и мене не ми се отвара страната stipendii.mon.gov.mk
Мoжеби е преблoкирaнa зaтoa штo сите се oбидувaме дa се уклучиме. Јaс уште oд 10ч прoбувaм. Мoже дo вечер ќе се среди.
Има објавено резултати сега,еве линк http://mon.gov.mk/index.php/2014-07-23-14-03-24/vesti-i-nastani/996-rezultati-studentski-stipendii Честитки до сите што добија, за убаво да си ги трошите парите
Има некој што поднесел жалба бидејќи не добил стипендија? нека ми пише во лична порака како оди процедурата
Ќе може некој да ги стави договорот за втора група овде да го симнам пошо цело време ми се симнува за трета група.