Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Студентски стипендии

Дискусија во 'Образование' започната од Em4ence, 25 февруари 2010.

  1. Vodolijata

    Vodolijata Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2010
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    683
    Девојки што студирате на УГД што направивте со образецот УППИ мене ми кажаа дека уште немале дозвола да го потпишат. Дали има шанси да поминеме во Скопје без тој документ зошто има др документ од факултетот со положените испити и просекот....?
     
  2. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    127
    Мене ми го потпишаа, само ми рекоа дека печати не смеат да ставаат, дека документот не бил од нивниот факултет. Инаку тој документ е составен дел на уверението од факултетот и мислам дека треба да го имаме. Објасни им на факултет каква е работата. Јас незнам зошто да прават проблем за потпис?
     
  3. puflaa

    puflaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    23
    Девојки да ве прашам како ја пополнивте пријавата? Со кирилица, и сумите ги внесувавте без запирки без ништо така?
    И уште нешто, во пријавата има приходи од вршење самостојна или професионална дејност, а во документот од УЈП, нема таква ставка. Тука што да ставам? Пошто кај мајка ми има приходи од авторско право итн па мислев да не треба тука тие да ги пишам или пак да ги ставам тие во други приходи?

    Help please :(
     
  4. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    127
    Јас ја пополнив со кирилица и сумите без запирки како што кажа ти. А во врска со приходите во делот приход татко и приход мајка се внесува аод потврдата, а не од УЈП. А ако нема приход од имот, стопанска или земјоделска дејност, нема потреба да пишуваш ништо, барем јас така мислам. Ќе си видат они во документот
     
  5. milaaaaa

    milaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2010
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Jас ја потполнив на латиница :D советувајте ме сега да сменам и да напишам на кирилица или да оставам како што е ? според мене може и на двата начина :P
     
  6. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    127
    Мислам може и на латиница не е страшно :D .
     
  7. puflaa

    puflaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    23
    Па и јас мислам дека може на двата начини. Мене некако полигно ми беше на кирилица, дека и самата општина е напишана на кирилица па естетски убаво да изгледа :D

    Инаку што стана со аплицирањето за две стипендии, гледам на форумов некои пишувале може, други не. Знае некој што е точно? :^)
     
  8. gurgica

    gurgica Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    2
    Девојки да ве прашам дали може да се презакаже датумот за поднесување документи т.е. повторно да се аплицира за истиот тип на стипендија само да се закаже за друга дата????????
     
  9. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    ^ Може, можеш колку пати сакаш да се пријавиш, ти се важи само последниот пат
     
  10. UniqueCreature

    UniqueCreature Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    44
    Може да се аплицира на повеќе, ама само ако не си веќе корисник на некоја, оти тоа е веќе кривично дело. Си пишува на страната на Министерството дека оние што се веќе корисници на некоја друга стипендија, не мора да е од Министерството или од нашава држава - значи било каква друга стипендија, не смеат ни да аплицираат бидејќи има таму документ во кој изјавуваш дека не си корисник на друга стипендија, а ако тоа не е точно можат кривично да те гонат.
    А за аплицирање може...
     
  11. Davilla

    Davilla Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Да ама прашањето е дали може повторно да се аплицира за да се презакаже датумот за поднесување за документи???????
     
  12. UniqueCreature

    UniqueCreature Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    44
    Мислам дека ова е за тебе :) . Би требало да може.
     
  13. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    Девојки, ве молам ако знаете да ми кажете дали во делот материјална состојба, категоријата приходи од вршење професионална и стопанска дејност се однесува на вкупната оданочена плата од 2009 година или се однесува на некои други приходи, покрај платата :^)
     
  14. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    127
    На некои други приходи освен платата, барем јас така мислам. Платата се пишува само од потврдата за месец септември, а останатите се од УЈП, ама приход од нешто друго ако имаат остварено твоите. Платата за цела 2009 година не се внесува во електронската пријава :)
     
  15. milaaaaa

    milaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2010
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Девојки може да ми кажете каква потврда да однесам за невработен родител кој не е пријавен во завод за невработени ? постои такво нешто а да не е од завод? извадив потврда од ујп за плата во 2009 година и потврда за земена последна плата која е земена претходната година. од 2010 нема плата и сега совет ? :?:
     
  16. Leeloo

    Leeloo Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2010
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    290
    Сакав да ги прашам оние членови кои веке 2 година под ред земаат стипендија т.е. си ја продолжија дали треба пак на некаков список да не има, или едноставно да ги чекаме кога ке ни пратам пари. Се обидов да се јавам до министерството, али како по обичај не креваат. :)
     
  17. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    127
    Јас како што знам, нема да ве има на никаков список, само си ја продолжувате ако ги исполнувате условите и си чекате пари да ви пуштат :)
     
  18. Nannaa

    Nannaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2010
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    30
    Дали може некој да ми ги пушти : изјава за точност на податоците и образец УППИ, оти никако не ми ги отвора овие две за да ги испечатам.... Ве молам колку можете побрзо ....
     
  19. ButterFly09

    ButterFly09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2010
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    5
    Ме интересира дали е точно тоа дека државјанството не треба да биде постаро од 6 месеци. Јас моето го извадив пред една година. Дали треба сега пак да вадам ново?
     
  20. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.451
    Допаѓања:
    22.935
    Пол:
    Женски
    Да, сите документи не треба да ти се постари од 6 месеци.