Нема ни трага ни глас.. Годинава си каснат, а и арно што каснат, таман за одморот двете рати ќе ги искористам. Чудно - чудо годинава уште не ми е гибната првата рата
Здраво Ме интересира дали можиш да аплицираш за стипендија за студенти на додипломски студии во четврта година ???
На претходни страни во темава видов дека една од феминките пишувала за стипендија за студенти со висок просек, со која се ослободуваат целосно или делумно од партиципација. Дали постојат тие стипендии се уште и каде можам да се обратам за да се информирам за нив (со оглед на тоа дека луѓето што работат во студентски прашања не се баш информирани за ништо)?
Здраво итно ми треба одговор затоа што кој и да прашам "никој незнае". Другарка ми оди на факултет(дисперзиран) предавања катастрофа едвај 3-4 во месецот, запишана е како дете без родители и зема 400 евра, но лошото е што нема ниеден испит положено пола нејзина кривица пола на професорите заради неодговорноста за испитите ден пред испит во 10часот навечет пишуваат на Фб и ако видиш арно ако не казнена... Е сега и рекле дека нема да помине и покрај тоа што и понудиле 6 предмета за полагање пред упис во втора година, во месец август и септември а кога побарала книги да си ги купи и рекле дека се укинати во факултетот, знае дека ако ја падне годината тие пари ги губи, повторно презапишува 1ва година со сопствени сретства и дури во 2ра година ќе и следуваат истите пари. Ако има некоја од вас некоја информација ќе ве замолам да ми одговорите. Ви благодарам однапред
Ова зависи од факултетот како самостојна установа без учество на Министерството. Самиот факултет секоја одредува кои студенти имаат највисок просек и ги ослободуваат од партиципација. Кога беа уписите, другар ми го избраа меѓу најдобрите 10 студенти со највисок просек, му се јавија недела дена пред уписите за да го известат да не плаќа партиципација за студирањето во текот на наредната година. Мислам дека сега треба да одржува просек за да продолжи да не плаќа партиципација. За повеќе информации, обрати се на Студентски Прашања на твојот факултет, а ако не се информирани, побарај го продеканот за настава.
И јас исто бев ослободена од партиципација првата година и сега прашувам за втора дали има можност да се повтори тоа. На правен сум и кај нас не само што не се информирани за ништо од студентски прашања, туку неделава се уверив и дека шират дезинформации. Значи све што не интересира како информација од небо треба да ни падне Е тоа со продеканот за настава е добра идеја, ич не ми текна да пробам. А може ќе знае и секретарката или било кој во деканат. Фала ти многу
Годинава земав стипендија втора група со просек.Ама оваа година ми е намален просекот. Услов за да се продолжи стипендијата беше да се задржи просекот. Сега наредна година ќе можам ли да си аплицирам за првата група социјална што е? Дали ќе ми одобрат така?
Дали ќе може некоја од девојките да ми каже кога се аплицира за стипендија, кои документи треба да се поднесат и сл.? Би ви била многу благодарна
Мислам дека беше ноември или декември кога прв пат се поднесува за стипендија. На веб страната на стипендии (stipendii.mon.gov.mk) имаш и конкурси, ќе видиш поточно кога е излезен конкурсот, а ќе видиш и кои документи требаат.
втора група со просек си земала стипендија, доколку си на информатика и доколку сеуште просекот ти е еднаков на 9.00 или поголем, можеш да ја продолжиш, независно ако лани си имала 9.7 а сега имаш 9.3, пак си над 9.00 и можеш да ја продолжиш истото важи и ако си втора група со просек над 8.5, може да ти е намален просекот но мора да е поголем од 8.5 доколку ти е паднат просекот под границите 8.5 или 9.00, зависи која стипендија ја земаш, не можеш да ја продолжиш стипендијата и ќе треба од ново да аплицираш за оние кои ги исполнуваш (социјална, 7,00 ...)
На никој нема стигнато бидејќи велат дека нема пари. Туку, во групата гледам дискусија за тоа дали треба да се направи прилог за телевизија за тоа што нема стипендии. Имало новинар од Телма кој сакал да направи сторија, само му требало некој што ќе застане пред камера да каже некој збор. Дали мислите дека треба да се оди на телевизија?
Попладнево прочитав во групата на фејсбук, а сега баш зачитав коментари на сите банки има пуштено Јас сум Стопанска, проверив сметка на нет, стигната е