Здраво Сакам да прашам дали некој бил со ваков случај и дали некој знае да ми каже што точно треба. Сега сум 4та година и моментално имам само два неположени предмети сакам да ја продолжам социјалната стипендија која ја земам сите години со ред. Моето прашање е доколку имаш презапишан предмет што пишиш во уппи образецот. Јас имам презапишан еден предмет од втора година, значи ги полагав колоквиумите во трета година, е сега дали во уппи образецот кај што треба да ја пополнам табелата во втора година да напишам исто како што е 12 предвидени предмети а од нив положени 11 бидејќи во цела година имаме по 12 предмети или поради то што ми е презашишан од втора па сега ми е преместен во трета треба да напишам предвидени предмети во втора 11 а во 3та 13 да напишам со се него. Или пак да си напишам за предвидените предмети ко што е навистина во секоја година односно по 12 предмети па во трета година ке треба да пишам 13 положени предмети од 12 предвидени заради презапишаниот?
На која сметка треба да се уплати таксената марка од 100 ден? И колку се плаќаше за уверението? И дали овие документи се сите што се потребни: -потврда за редовен студент -УПИ образец -уверение за положени предмети -индекс со сите оценки? И последно прашање дали мора лично да се достават документите? Оти лани јас ојдов лично, а сите скоро ги пуштија по некој документите. И таму на шалтер ни ме прашаја која сум шо сум ни ништо.
дечки за прв пат продолжена стипендија се носи само уппи индекс двете потврди сфатив ...но ако има измени од типот брат/сестра е студент не ученик повеќе дали ќе треба да се однесе и потврда за редовен студент од братот/сестрата ?
Јас сакам да прашам дали некој знае за постдипломски стипендии што доделуваат во странство , дали има некоја страница на интернет каде објавуваат конкурси и сл. ? Фала
Здраво Оваа година сакам да поднесам за стипендија за прв пат . Од вкупни 25 предмети од две од први и втора година имам положено 22 така да мислам дека имам шанси Е сега татко ми е невработен и до скоро се водеше под заводот но сега веќе не е ни таму, па дали ќе смета тоа нешто кога ќе треба да ги соберам документите илии нема врска тоа? Фалаа, поздрав
Најдобро ќе биде да прашаш на студентски прашања тие ќе ти кажат.Според мене во втора ќе пишеш дела имаш 12 предвидени а 11 положени а во трета ќе пишеш дека имаш 13 предвидени и 13 положени(ако ги имаш положено) За положени мислам дека имаш шанси зависи од просекот а за татко ти ќе пишеш дела е невработен потврда од биро тие сами бараат битно да нема приходи во Ујп. Поздрав.
Девојки, минатата година бев апсолвент, а оваа година запишувам семестар со предмети кои не сум ги слушала cе уште. Дали имам право на стипендија, бидејќи се уште статусот ми е на редовен студент?
Дечки, ме интересира кога излегува конкурсот за студентскиве стипендии (тип А, Б...)? Сега сум втора година и имам намера да аплицирам, ама на сајтов проверувам и уште нема ништо ново... Гледам за 2015/2016 дата на конкурсот пишува 16.11, обично на средина на ноември ли се распишува?
Decki bev ja prodolziv stipendijata mi dadoa malo livce i sea sto da pravam hahha mislam kako da znam deka ke mi ja prifatat
Da ekonomski i praven dobivaat studentska stipendija od 2 grupa a toa e prosek so 9.00 i nad taka da ke dobies stipendija
Во евидентниот лист каде што пишува "Вкупен број на доставени документи" треба да се бројат и документите горе наведени што се веќе обележани со "/" и се во сино квадратче?