Девојки ги немам сите оценки во иднекс затоа што индексот ми беше во студентски до денес, во iknow ми се внесени оценките. Дали при увид на индекс во минситерство ќе прават проблем ? Ако некој бил да ми потврди
За социјална стипендија дали треба да се пријаве брат ми како вработен бидејќи е оженет но живееме на иста адреса?
Здраво сакам да ве прашам за (управа за јавни приходи-уверение) овај документ дали треба да се ваѓа од ујп или ништо не треба ние да ваѓаме самите тие си гледаат, прв пат ќе поддавам документи
Ако се пријавувам за стипендија од втора група (за успех), не ми треба Изјавата за семејна положба, така?
Дали студенти од информатички универзитет можат да аплицираат за оваа стипенндија; Втора група: - 630 стипендии (590 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните универзитети и високообразовни установи и 40 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на приватните универзитети и високообразовни установи), за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето, и тоа за студенти запишани на техничките факултети и медицинските науки кои постигнале просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година од најмалку 8.50. Или сепак мора само за стипендијата за информатичари со просек над 9?
Доколку не сме сигурни дали ке влеземе во втора или трета група, дали може симултано да се пријавиме и за двете?
Нормално, само треба да го наведеш приоритетот на групите за кои аплицираш. Прво пиши втора група, па под неа трета (или обратно, како ти одговара), во горниот лев агол на Евидентниот лист.
Здраво, оваа година за прв пат ке поднесам за стипендија па да ве прашам нешто -Немаме никој вработен во фамилија, се занимаваме само со земјоделие и сега за документите под точка 6 треба само уверение од УЈП за остварени приходи? - Имам еден предмет од прва година го презапишав за во втора но пак го презапишав сега за во трета, и каде да го запишам како предвиден предмет во прва или втора?
Во електронскава пријава, има поле „број на положени испити“ и поле „број на предвидени“ предмети. Мене ми се предвидени 25, од кои ми се положени 24, меѓутоа имам и 2 изборни кои ми се исто така положени. Е сега, како да го пишам тоа со изборните? Во положени да пишам 24+2 а во предвидени 25+2, или во положени 26 а во рпедвидени 25? Не можам да се снајдам...
Во горниот десен агол, кликни на ЧПП (често поставувани прашања). Таму има бројче за помош при пријавувањето.
Дали на некој ви дадоа уверение од Управа за јавни приходи? И тој документ го пишува на конкурсот, а кога појдов да го извадам ми рекоа дека нема потреба, на ниеден студент не давале, од таму самите си гледале.
Нема резултати за продолжените стипендии. Ако го исполнуваш условот, автоматски ти ја продолжуваат стипендијата.
Мене ми дадоа и баш ме прашаа за што ми треба, и реков за стипендија. И после видов дека и на уверението пишува дека служи за студентска стипендија.
на некои му даваат, на некои не.. мене тој вработениот таму ми рече не грижи се, никој студент нема да го носи тоа уверение, иако го пишува во документите, не треба.. Сега не знам дали да му верувам
Дали можи да се аплицира за две или три групи за стипендии? Бидејќи во евидентниот лист има три полиња за приоритет на апликации.
Можеш, на листот само ќе го пишеш ID бројот од секоја апликација, и подолу ќе наведеш која ти е приоритетна.
Здраво Само да прашам дали за приходите на родителите треба ние да си извадиме од ујп или тие службено тоа ке го завршат затоа што така пишува во евидентниот лист а и прашав јас во ујп ми кажаа дека министерството ке си ги обезбедело тие документи и дали од факултетот треба и потврда за редовен студент