Студентски стипендии

Дискусија во 'Образование' започната од Em4ence, 25 февруари 2010.

  1. sweet-17

    sweet-17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2013
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    187
    Пол:
    Женски
    11
    Потврда секако треба
    Како да ги пополнам последните три, кога родителите се невработени и немаме месечни примања, дали да ги поделам годишните примања на 12 и да го пополнам само последното или?

    14958419_1447095908642683_624286888_n.jpg
     
  2. unicorne

    unicorne Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    А по што да проценам која ми е приоритетна? Што е целта на тоа? Ако ми ги одобрат двете која ќе ја земам или?
     
  3. one_girl

    one_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2015
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    Да. Ако ги имаш условите за двете, која сакаш да ја земеш. А дали знаете дали треба да носиме и државјанство?
     
    На CharmedGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. littlemonster765

    littlemonster765 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    2
    Дали тоа што имам еден предмет не положено ќе ми ги намали поените за стипендија, зборувам за Втора група? И случајно да не знаете како се пресметуваат поени за истата група стипендии?

    Фала многу однапред. :)
     
  5. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Во листата на потребни документи, не е наведено државјанство.
     
    На one_girl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. littlemonster765

    littlemonster765 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    2
    Дали процентот на положени испити влијае на бодовите, т.е. дали ако имам еден не положен испит ќе имам помалку поени? + Некој ако знае како се премсетуваат бодови за Втора група стипендии?
     
  7. KejtV

    KejtV Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2015
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    1.011
    Пол:
    Женски
    Здраво.Да ве прашам дали треба да се извади потврда за невработени или нема потреба,како што гледав на страната мислам дека самото министерство си ги презема од Агенција за вработените?
     
  8. one_girl

    one_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2015
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    Не треба да вадиш.. еве овде пишува кои документи не треба да се вадат:

    Министерството за образование и наука по службен пат, согласно потпишани договори за соработка, ќе ги обезбеди следните податоци:
    -Уверение од Управата за јавни приходи, за остварени приходи по разни основи за претходната година (приходи од самостојна дејност, приходи од вршење земјоделска дејност, приходи од имот и имотни права, приходи од капитал, капитални добивки, добивки од игри на среќа и други наградни игри, други приходи) за двајцата родители – старатели, брат/сестра на кандидатот поединечно и за самиот кандидат;
    -статус за членовите на потесното семејство на кандитите, од Агенцијата за вработување на Република Македонија;
    -за брат/сестра под 6 годишна возраст, како и извод на умрените за починат родител од Управата за водење на матични книги;
    -за државјанство на Република Македонија од Министерството за внатрешни работи.
     
    На KejtV му/ѝ се допаѓа ова.
  9. KejtV

    KejtV Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2015
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    1.011
    Пол:
    Женски
    Да,да фала многу :)
     
    На one_girl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. кафка7

    кафка7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2016
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво.
    Ако може да ве прашам дали документите за стипендија треба да се поднесат во главната зграда на МОН? (и ако случајно знаете точно каде се поднесуваат)
    И ако може некоја да ми обасни како да стигнам до зградата од железничка бидејќи не сум од тука?
     
  11. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.335
    Допаѓања:
    18.233
    Пол:
    Женски
    Полесно ќе ти е да фатиш автобус отколку да одиш пешки. Од спроти Веро центарот што се наоѓа кај железничка фати тројка. Од неа ќе се симнеш на станицата на Европски универзитет (станицата е баш пред самиот универзитет, нема да го утнеш). Оттука продолжи право накај раскрсницата накај која ќе продолжи и авобусот. Не ја поминуваш улицата, туку од десна страна на самата раскрсница, таа големата зграда е МОН (најди ја на гугл ако сакаш за ориентација да видиш како изгледа да не ја утнеш). Од главниот влез одма право во чело се наоѓаат 2-3 шалтери на кои се поднесуваат документите. Се надевам дека ме сфати.
     
  12. кафка7

    кафка7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2016
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу. А инаку ако сепак одам пешки дали е во близина на Рамстор пример? или до нешто што е познато?
     
  13. Sweet Justice

    Sweet Justice Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2015
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Машки
    Дали има стипендии на постдипломски студии?
     
  14. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.335
    Допаѓања:
    18.233
    Пол:
    Женски
    Епа ако одиш пешки, пред Рамстор нели има Тутунска банка и автобуска станица, спроти нив на таа раскрсница големата зграда е МОН. Или ако одиш од кај Рекорд, да не вртиш од кај Рамстор, продолжи по Рекорд право накај Јосип Броз Тито гимназијата, преку улицата е Европски универзитет, и оттаму ти кажав, на раскрсницата. :)

    Еве на странава подолу има нешто за постдипломски, види ако ти врши работа.
     
  15. кафка7

    кафка7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2016
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Фала премногу!!! :l:
     
  16. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Сигурно дека неположен испит ќе има влијание на поените. Во Конкурсот пишува дека за втора група по основ успех може да се добијат максимум 100 поени. Значи, 100 поени би имала доколку ги положиш сите испити и тоа со оценка 10. Претпоставувам дека секоја пониска оценка и секој неположен испит би го намалил бројот на поените, по некоја логика...
     
  17. sweet-17

    sweet-17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2013
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    187
    Пол:
    Женски
    Како да ги пополнам последните три, кога родителите се невработени и немаме месечни примања, дали да ги поделам годишните примања на 12 и да го пополнам само последното или?

    Види го прикачениот фајл 279537 [/QUOTE]
     
  18. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.335
    Допаѓања:
    18.233
    Пол:
    Женски
    [/QUOTE]
    Доколку имам потешкотии со пополнувањето на електронската пријава, каде може да се обратам за помош?
    За дополнителни информации може да се информирате на тел 02 3 140 147 или на ramadan.osmani@mon.gov.mk.
    Бидејќи тука тешко некој да ти одговори, или пиши имејл, или јави се од понеделник на бројов.
     
    На sweet-17 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. NOVAVON

    NOVAVON Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2016
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    441
    Пол:
    Женски
    Дали има возрасно ограничување на пример да не е постар студентот од 26години така нешто?
    @MagsDestiny помош,знаеш ли како/каде да дознаам?
     
    Последна измена: 6 ноември 2016
  20. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    648
    дали доколку аплицирам за две стипендии треба да пополнувам две електронски пријави?