На овој не најдов да пишува за возраст, а на претходните имав прочитано дека не треба да е постар од 21година при упис на 2ра година или не паметам точно како беше.
Јас кога поднесував документи пред 2 години мислам дека беше услов студентот да не е постар од 22 години во 2 година.
денес ги пополнив сите информации електронски но на завршување пишува одбери датум за поднесување и не ми дава слободна дата ,помош
Дане е завршен конкурсот ? И јас имам прашање во врска со датумите. Има ли некаква врска или проблем ако не отидеш на датумот кој си го избрал ? Ќе биде проблем ако отидам некој ден порано ?
Како можам да аплицирам за две стипендии и да пополнам две електронски пријави, а датумот за поднесување на документите да е исти?
Дане е завршен конкурсот ? И јас имам прашање во врска со датумите. Има ли некаква врска или проблем ако не отидеш на датумот кој си го избрал ? Ќе биде проблем ако отидам некој ден порано ? не е завршен до 13ти трае да не е исполнет бројот нз
Здраво, да прашам дали во полето други вкупни нето месечни примања во потесно семејство треба да се внесат и приходите од земјоделски активности или само плати од други членови ?
Дали некој имал проблем со изборот на термин? Не можам да селектирам, ми покажува да се обидам повторно подоцна или да се обратам кај администратор. И дали го решил/прашал за решение? Благодарам многу
Да ве прашам тие што се аплицирале лани или претходно,има ли врска терминот и денот што ќе ги одбереш ? Прават проблеми ако имаш одбрано еден ден а ги однесеш документите друг? @***cute*** ? И уште едно прашање, за втора и трета група не треба изјава за семејна положба ?
Здраво, сакам да прашам дали документите за аплицирање мора да се достават лично или може и по пошта? И ако може дали треба и индексот да се прати со нив.
Документите не мора да се достават лично, може да ги однесе и некој друг во твое име, ама може да направат проблем за тоа. По пошта може да се испратат ама земи во предвид дека на пратките им треба многу време да стигнат на дестинацијата, така да, прати ги документите порано за да стигнат во поставениот рок на конкурсот. Индексот по пошта никако не се праќа. Тоа е документ за лична идентификација, како што е лична карта - некој може да го злоупотреби. А и во случај пратката да се изгуби, ќе треба да даваш пари за нов индекс.
Вака сега, да ве прашам нешто... Во врска со пресметката на просекот за стипендија...Мојот просек доколку би заокружил на три децимали е 9,875... Во електронската апликација за стипендија просекот треба да биде заокружен на две децимали.Па би прашала дали некоја од вас го има истиов проблем и дали кога би се заокружил на две децимали би бил 9,87 или 9,88... Ве молам ако е информиран некој да ми каже, затоа што рокот за електронско пријавување е при крај..