http://fokus.mk/dodeka-ne-se-izbere-vlada-studentite-nema-da-dobijat-stipendija/ Срамота луѓе голема срамота. Ги разочаруваат студентите и после зошто си иделе ? За да не трпат искомплексирани ,исфрустрирани, психопати кои си играат држава.
Па и овие од Фокус што изјавуваат некои информации што очигледно не им се доволно истражени. Парите ќе ни легнеле на сметка пред новогодишните празници, стипендиите изнесувале од 4000 денари па и повеќе, ха ха ха нека не не засмејуваат само. Кај е една мизерна стипендија, кај не ја даваат на време како што се даваат нормално стипендии на месечно ниво па и каснат овие од МОН а овие од Фокус уште вакви информации споделуваат. Не знам на кого повеќе да се изначудам.
Штом кажале дека пред оформување на влада нема да ги објават, некако не ми е многу веројатно да направат нешто обратно. Влада најдоцна до 28. овој месец треба да се оформи, а ние сигурно уште некој ден повеќе од тоа би требало да чекаме (доколку ја оформат дотогаш). Дај Боже да грешам и да решиле да пуштат срце, ама малку е веројатно... Да си се редактирам: во право бев, тукушто ми ја отвори страната, и нема ништо ново.
Добро каква е оваа поделба, за ученички стипендии не треба да се оформи влада за да се истакнат резултати ама за студентските стипендии мора. Ах отвори се земјо, голтни ме, не можам јас повеќе! Ужаси се, само негативно мислење ми наметнуваат и ништо повеќе. Не знам веќе што да кажам а не е кажано.
Не се растревожувајте, јас не видов нити ученички нити студентски нити пензионерски, ништо ново нема.
Мех, не сум го видела ова па затоа пишав дека нема за никого Ај, може да си се надеваме дека ќе испадне нешто и за нас, да не сме без ич...
Може на некој ако му ги отворило резултатите за втора група да ги прикачи? Честитки на сите што добиле
Еве на кого не му ја отвора страната, симнете си ги оттука, и честитки. „Сите кандидати - добитници на стипендија потребно е да пополнат 3 примероци од договорот за соодветната стипендија и заедно со копија од трансакциска сметка на име на студентот, почнувајќи од 30.1.2017 година, а заклучно со 17.2.2017 година да ги достават директно до Министерството за образование и наука (пулт за прием на документи), или по пошта на адреса: Министерство за образование и наука, ул. “Св. Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје, со назнака “Договор за студентска стипендија”.“
Дечки, на списоков се само луѓе на кои прв пат им се доделува стипендија или треба да ги има и оние кои само ја „продолжија“?
Ако ги исполнуваме условите е продолжена, од лани ги имаат информациите и не треба да праќаме договори и копија од трансакциска сметка. Така ми кажаа, така знам.
Мене ако ме прашуваш - Комерцијална. Најстабилна банка се, и не ти зимаат џабе пари за се и сешто. Ова ти го кажувам од искуство со повеќе банки.