Ме интересира дали некој/а е зел/а стипендија студентска, за децата на бранители? Кои документи се потребни? Дали има конкурс,кога? Пишете ми.
Јас аплицирав оваа година и ми доделија. Потребните документи ти ги пишува во конкурсот кога ќе биде објавен. Знам дека е 3000 и нешто денари месечно. Конкурсите поминаа, следните се во декември(обично како и секоја година)
Вкупно на годишно ниво земаш 27 илјади и нешто. Иначе за документи баш не ми текнува знам требаше диплома од средно, копија од свидителства, решение за воен инвалид...друго не ми текнува :/
Дечки колку пари ви се пуштени на вас што земате стипендија група Б, таа што е со просек над 9,5, бидејќи јас имам пари на сметка но не знам колку ми се од стипендија бидејќи требаше и други пари да ми легнат на сметката. позз благодарам
Друштво здраво. Имам прашање околу стипендиите за втор циклус на студии од МОН за примените студенти на еден од првите 100 рангирани Универзитети според Шангајската Џио Тунг ранг листа. Сум примена на London School of Economics and Political Science, кој е (за тие што не знаат) цел универсзитет само за економија и политички науки, затоа, е рангиран 13ти, но само во ранг листите кои Шангајската Џио Тунг ранг листа ги прави според области, а не и во overall рангирањето. Прашањето ми е, дали сте имале некое искуство, или пак знаете некој со слично искуство, за тоа врз која основа се бираат тие највисоко рангирани универзитети, односно за кои универзитети владата дава стипендија, бидејќи во самиот конкурс не е добро дефинирано. Некои мои професори тврдеа дека имало претходно студенти на ЛСЕ кои ја добиле оваа стипендија, но врз основа на искуствата со нашата влада малку сум скептична. Иако бев до МОН, на шалтер не знаат да ми одговорат, а на телефонот кој е оставен за контакт за стпендии од втор циклус никој не се јавува. Би била многу благодарна ако некој има информација од прва рака
Кога прв пат продолжував, втора рата ми исплатија некаде околу Велигден. Што значи, отприлика крајот на април и почетокот на мај, тука некаде.