Дали има некој информација за ако си аполвент оваа година дека ја прекинувале стипендиијата,дали е вистина или само онака ми го кажаа од информации.
Знам дека е ептен рано за да се прави муабет за продолжување на стипендии ама чисто онака ме интересира, дали гледаат повторно дали имаш положено 80% од предметите што си ги слушала? Бидејќи летово одам во Германија да работам и 5 предмети ќе оставам за полагање во јануари па ако го гледаат тоа 80% да ти се положени мислам дека и нема да бидам квалификувана за наредна година.
Девојки да не имате информација кога точно ќе стигне втора рата? Знам дека треба да биде месецов, ама ме интересира попрецизно кога ќе ја пуштат.
Не ме земај за збор ама мислам дека повторно гледаат да имаш положено.Треба постојано да ги исполнуваш истите услови за да можеш да земаш.Затоа што секоја година нели носиме образец за положени предмети Сепак нека ти каже некој продолжен, јас исто земам прв пат стипендија.
Во групата за стипендии на еден член вратиле дека од Министерство ги пуштиле парите, сега зависело само од трезор кога ќе ги префрлеле парите. И продолжените и оние што земаме првпат стипендија ќе ги земеме во јуни месец-барем ваков беше одговорот од МОН.
Како мислиш рата помалку? Можно е да не ти е стигната уште зашто банките во различно време ги пуштаат - некоја порано, некоја покасно.
Na ovaa strana: http://stipendii.mon.gov.mk/ imas se vo vrska so stipendiite i vo zavisnost od toa za koja stipendija sakas da podneses baranje.
Веќе се легнати парите на сметка. Ама наместо за 5 месеци, исплатени се 4. Не само мене гледам на групата на фб еден куп се жалат.
Здраво. Ве молам доколку некој знае да ми каже дали се дава стипендија за 3-та година ако факултетот е со 3 годишни студии? Мојот е со 3 години меѓутоа во трета година немаме одбрана на дипломска работа туку тоа ни е во четврта година па незнам дали може да земам стипендија..
Трета група по грешка биле исплатени 8 месеци наместо 9, во групата на фб имаше имејл од МОН, ама пишале дека ќе ја исплатат и последната рата. Кај и да е треба на сите да им стигне, ако веќе не е. Едит: само што проверив во групата, почнале да пишуваат дека веќе е стигната ратата од некои банки.
Здраво...слушнав дека државата доделува стипендии за просек над 9.0 ...сакам да прашам како можам да аплицирам и каде?
За на Економски факултет - УКИМ прашувам, за стипендија за постигнат просек, до која долна граница обично оди опсегот на прифатени апликации за стипендии? Знам дека е од 9.00 нагоре, но до кој просек обично земаат? Дали влегуваат и тие со 9.00?