Девојки,Ве молам за одговор . Првите три семестри си бев редовен студент и аплицирав за стипендија и добив. Четвртиот семестар се префрлив вонредно затоа што се вработив. Е сега,знам дека нема да можам да ја продолжам стипендијата,но дали ќе треба да ги вратам парите од стипендијата затоа што сум се префрлила во вонредни? Ве молам ако некој навистина знае нека ми помогне . Поздрав
Дечки ај мала помош Во социјалните стипендии пишува 80% од предвидените предмети јас сега завршив втора ама лани запишав многу предмети што се слушаат во 3та. Ме интересира дали тоа се 80% од тие што би требало да ги запишам или 80% од тие што сум ги запишала јас. И уште дали доколку имаш некогаш презапишано предмет може да се поддаде за стипендија? Фала ви однапред ❤
Девојки, дали може некој да ми каже кога се продолжуваат стипендиите (прв пат го правам ова) и отприлика како оди процедурата? Пак истите документи се поднесуваат?
Дали ако аплицираш во 3 година за стипендија се зема просек од 1 и 2 заедно или само од втора година? И дали бодовите и шансите за добивање се исти во сите години или тие прв пат што аплицираат имаат предност, бидејќи јас земав оваа година стипендија но сакам да не ја продолжам и да аплицирам за нова.
Од кога најрано може да се продолжи стипендијата знам дека е до октомври, ама не знам од кога почнува бидејќи нема да сум тука тој период?
Октомври месец се продолжуваат.И јас продолжувам првпат, ми кажаа само дека треба индекс, уверение за положени испити и потврда за редовен студент.
Мислам дека зависи од факултетот, бидејќи на пример на медицински е 200 денари, а имам чуено дека на други факултети е поскапо, околу 400 денари.
Критериумиве за добивање стипендија секоја година се исти така? За просекот особено, секогаш се тие граници?
Зависи од факултетот. На ГФ е 610 ден. На страната на факултетот ти пишува во ценовник сигурно колку е.
Дали ако ја откажам стипендијата со цел да аплицирам за нова, треба некој документ да поднесам во периодот кога се продолжуваат стипендиите?
Девојки јас имам 17 предмети цела година и сега за поднесување на стипендија може ли со 3 неположени предмети да се аплицира?
За да аплицираш за стипендија треба да ти се положени најмалку 80% од вкупниот број предмети слушани во сите предходни академски години. Пресметај си, но јас мислам дека со 3/17 неположени пак ќе имаш повеќе од 80%.
Зошто групата на фб не ми ја отвара кога пробувам да влезам во линкот? Дали може некој што е во групата да ми пише во ЛП, да му дадам мој фб за да ме додаде ?
Сакам да прашам за ученички стипендии. За да аплицираш дали мора да имаш награда на државен натпревар? Успеал ли некој без такво освоено место а со сите петки да зема стипендија?
Здраво на сите .. сега сум втора година средно .. сакам да аплицирам за стипендија, успехот се важи само од прва година така ? на интернет не ми ја отвара страната за стипендии ќе може да ми кажете каде треба да аплицирам и до кога е ? и дали треба некои дипломи ?
Јас земав стипендија во трета и во четврта средно без освоено државно место ама тоа беше пред 6год. Ти аплицирај,ништо не губиш.среќно