За сестра ми прашувам, фала ти. Таа ги има сите 5ки ама нема награда, не живееме Скопје па си викав залудно да не и е одењето за да ги достави документите. Затоа реков ако знае некој. Фала уште еднаш.
Прво ќе аплицираш за новата и ќе чекаш резултати дали ќе ја добиеш. Ако ја добиеш одиш во министерство и рачно пишуваш барање дека се откажуваш од старата стипендија бидејќи си добитник на нова. Истото се носи во архива. Ама сега во октомври продолжи си ја стипендијата за секој случај.
Незнаев дека може и така, јас мислев дека ќе треба да не ја продолжувам старата па директно на нова. Го прифаќаат тој начин во МОН?
Да да јас го имав лани истиот случај. Кога ја добив втората стипендија и кога ги носев договорите за неа во февруари мислам, се откажав од старата.
Ќе ти пречи ли тогаш кога ќе треба да ја откажам да ти пишам лп подетално да ми кажиш како да го напишам барањето?
Здраво..дали знае некој дали можи да ми ја продолжат стипендијата ако имам 5 неположени предмети од вкупно 48 предмети?
Треба да ти се положени минимум 80% од предметите. Пресметај колку се 80% од 48, или пиши на Гугл и ќе ти пресмета.
Дали треба за продолжување на стипендија од Прва група и други документи (како што носевме, семејно материјално, други..) или само овие трите: Уверение за положени испити, потврда за редовен студент и индекс на увид?
Девојки да ве прашам како е тоа четврти и петти пат продолжена стипендија?На кои години се однесува не можам да сфатам..ако може некоја да ми објасни и дали ако сега се запишам на втор циклус ќе можам да земам стипендија за лани?
Здраво девојки, би сакала да ве прашам за овогодинешниов конкурс за стипендии. Во врска со оваа тема не сум толку запознаена, па затоа сакам да прашам кога излегуваат конкурсите затоа што би сакала да аплицирам. Thank you
Може некој да ми каже за стипендии подетално ?Какви документи требат и кои се предуслови за конкурирање? Инаку, студент на медицина сум.
Еве го ланскиот конкурс, така да слично ќе биде и годинава. http://www.fakulteti.mk/news/16-10-...hani_na_dodiplomski_studii_od_prv_ciklus.aspx
Ќе се повторам со прашањево, ама знае ли некој дали границите за просекот како критериум се менуваат или се исти секоја година?
Продолжен е рокот до 30.10.2017? Се носат директно документи? За децата на бранителите што требало? Какви документи?
3та година сум и првпат ќе продолжувам стипендија, може да ми кажи некој во врска со уверението за положени испити дали треба да биде само од 2ра година или заедно со 1ва? Оти на сајтот на МОН пишува уверение за положени испити од претходните години. И на уппи образецот нели се пишуваат положените предмети од сите минати години што си студирал.
Уверението што ќе го земеш од студентски е за сите досега положени предмети што значи и за прва и втора година и на крај на листот ти го пишува просекот. Посебно уверение само за втора година неможе да се земе.