Јас сакам исто да аплицирам за друга стипендија, но дали ако не ја добијам новата, продолженатa сеуште ми стои? Прашувм за на крај да не останам со ниедна стипендија
Здраво, да прашам доколку знае некој дали мора сите оценки по предметите што ги имам положено да бидат внесени во индексот кога ќе ги понесувам документите за стипендија или доволно е само печати да има? знам дека мн не прегледуваат оценките дали се внесени најглавно печати да има прегледуваат а за оцените си има уверение за положени испити. Да си прашам реков за сигурно доколку некој знае
Што треба да се поднесе за продолжување на стипендија прв пат? Дали треба да се логирам на страната на МОН како лани?
Не треба да се логираш на страната туку само ти треба уппи образец кој треба да се завери на факултет, потврда за редовен студент и уверение за положени предмети и индекс на увид. Во МОН ти го проверуваат индексот и одма ти го враќаат. Рокот е до 30 октомври.
Лани кога аплицирав за социјална стипендија само едниот родител ми беше вработен, но оваа година се вработи и другиот, е сега сакам да прашам дали треба да приложам потврда за плата од двајцата или од ново треба да аплицирам за стипендија електронски?
Не мора сите оценки да ти се внесени, мене до сега ништо не ми рекле за тоа а многу оценки немам во индекс.
Дали има некој/а на студиска програма 3+2 што ги запишал/а тие +2 години да ми каже дали може да се земе стипендија за 3-та година? Или некој друг ако знае да ми каже..
Овој уппи образецот од страната на мон ли треба да го симнеме, овој што го има од ланскиот конкурс пишува долу 2016 нели треба 2017 да пишува за оваа година,треба да чекаме нов конкурс или може и вака образецот да си го симнеме тоа ме буне,ако некој знае
Бидејќи не сум во можност да ги однесам документите во МОН за да ја продолжам стипендијата, а постои можност да се пратат по пошта, дали треба да го испратам индексот оригиналот, или може копија од индексот? Им пишав на поставениот меил ама никој не ми врати.
Доколку ја продолжувате стипендијата не треба да чекате нов конкурс за уппи образец. Истиот го има на страната на МОН и треба да си го симнете. Неможам да го прикачам тука.
Уф добро е, јас од цела година само 1 оценка имам земено во индекс. Сега се мислев баш кај ќе ги бркам сите професори