Вака, лани прв пат земав стипендија од трета група. Според неа, треба да имам положено 80% од вкупниот број на предметите. Според тоа од прва година имам положено 13/14 , а од втора година 7/12. Значи вкупно 20/26. Дали ќе ми ја продолжат стипендијата?
80% oд 26 сe 20.8 - а бидејќи над .5 се заокружува на повисоката цифра, мислам дека 21 предмет треба да ти е положен. На секој факултет е различно, негде е бесплатно, негде е 400, на медицински на пример е 200 - за сигурно прашај си на студентски прашања.
Во конкурсот пишува ако имаш помалку од 10 предмети, тогаш 80% се 2 помалку. Најверојатно за поголем број е како членот погоре што напиша.
1. Потврда за запишан нареден семестар, односно година на школување 2. Уверение за положени испити со успех од претходните години 3. УППИ образец за предвидени и положени испити Само овие треба да се носат без разлика кој тип на стипендија си земал?
Да. Прва, втора (во оваа спаѓа и таа за информатика), трета група и плус тие за хемија, физика и математика, кои мислам дека влегуваат под 3та група.
Има стипендии од различни категории. Прво можеш да ги поделиш на стипендии за средношколци, стипендии за студенти, стипендии за постдипломски студии. Стипендиите за ученици може да бидат од различни категории : стипендии за ученици кои се посебно талентирани, за ученици кои учат во средни стручни училишта итн. Стипендиите за студенти може да бидат од прва, втора или трета група. Прва група се оние кои се социјално загрозени (за оваа се носат оние потврди од работа од родителите), втора група мислам беа оние студенти со просек од информатичките факултети и последната група се оние студенти од факултетите за природни науки како ПМФ , Фармацевтски, Медицински факултет. Е сега ова се стипендии од МОН а има и многу други стипендии од приватни компании кои ги стипендираат студентите на пример Алкалоид ги стипендираат студентите од Фармацевтски факултет. Се надевам ти одговорив на прашањето.
За уверениево да прашам, јас ги имам положено сите предмети од прва, но по еден предмет професорката сеуште ми нема ставено оценка во iknow, а ни во индекс немам земено. Мора да стави за да се смета тој за положен така? И дали може да аплицирам за стипендија од трета група иако сум на ФИНКИ?
Да. Мора електронски да ти ја внесе оценката дека ако не ја земеш мислам 6месеци по објавување на огласна табла оценката се поништува.
И јас тоа се прашувам. На памет ми паѓа само да не е поради Локалниве избори, да не треба да завршат? Па после да објават. Да не не смеат додека траат избориве да објават оглас. Да не е исто како што не смеат да објават оглас за вработување додека има избори?