Што знам, чудно е. Не гледам причина зошто би било тоа пречка, ама можеби е затоа. Ајде ќе биде кога-тогаш, само страв ми е да не го испуштам
има шанси со просек 9.00 да се земе стипендија од општествен факултет ( освен социјална), знам дека може за друга група што е над 9, ама општо со толку низок дали се зема ?
За трета група (за студенти запишани на студиски програми од научните подрачја на природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и/или медицинските науки) се мисли на само научни подрачја на природно-математички така? Или поконкретно дали јас како студент од ФИНКИ можам да аплицирам за стипендија од трета група?
Да не знаете тие од филолошки за која група треба да аплицираат? И сѐ уште нема конкурс, да не праша некој во Министерство што како?
Вчера околу 11:30 и денес околу 8:45 ѕвонев на телефонот во МОН да прашам, ама никој не се јави. Не знам што е работата, зошто нема уште конкурс.
И јас годинава се решив да аплицирам и секој ден само проверувам по сајтот но и не им е баш во ред, не се отвара секогаш така да не знам што би можело да е работата. Иначе конкурсот за 2015/2016 е објавен дури на 16ти ноември така да мислам дека има уште надеж
http://www.fakulteti.mk/mobile/news/17-11-10/konkurs_za_dodeluvanje_stipendii_na_redovni_studenti Еве девојки,има конкурс,со среќа на сите што ќе аплицирате
Јас веќе имам неколку прашања, па ако може некој да ми помогне. Сакам да аплицирам за постигнат успех бла бла на приватен факултет. 1. Дали ќе ми требаат документи од точката 6.Документи за утврдување на материјалната состојба на кандидатот (од моите во фамилија што се вработени) ? 2. Фотокопија од индексот. Од кој дел поточно им треба фотокопија? Од оценките, од потписите?
Во моментов и јас го ,,студирам,, пред мене е упатството 3. Доколку не се пополни квотата со доволен број на студенти од јавните универзитети и високообразовни установи, комисијата може да ја пополни квотата со студенти, кои ги исполнуваат условите од приватните универзитети и високообразовни установи и обратно, доколку не се пополни квотата со доволен број на студенти од приватните универзитети и високообразовни установи, комисијата може да ја пополни квотата со студенти, кои ги исполнуваат условите од јавните универзитети и високообразовни установи.
Здраво,да прашам потребно ли е да имаш лично своја трансакциска сметка сега за потребните документи ?
Студентите кои ќе добијат стипендија ќе склучат договор со Министерството за образование и наука со кој ќе се уредат меѓусебните права и обврски. Наверојатно после истакнувањето на списокот ќе се потпишува Договор со МОН и тогаш ќе се отвараат сметки (оние што немаат)
Имам едно прашање, јас сум трета год. на факс а ќе аплицирам по прв пат. Кои предмети треба да ги пишам само од втора или и од прва и од втора?