Претходнава година добив стипендија, и претходниов месец ја продолжив, но сега сакам за нова да аплицирам. Бидејќи направив копија од документите кои ги извадив на факултет дали ќе може со истите да аплицирам за новата?
Мора. Според тоа се добиваат бодови. Ако ги немаш во индекс, и ако неможеш да ги најдеш професорите, тогаш извади си од студентски прашања потврда за положени испити (таму ќе ти набројат што си положила и со која оценка)
Не ги гледаат многу оценките, гледаат дали семестрите се заверени. Оценките ги гледаат од потврдата за положени предмети за сите минати студиски години.
Не ги гледаат оценките освен ако аплицираш за високите суми за студенти со просек. Ги инатересира заверен семестар и дали имаш положено 80% од испитите
Сакав да кажам дека во УППИ и уверението ги пишува сите оценки тие се поверодостојни документи одколку индексот. Јас лани аплицирав за стипендија со просек и не ми ги гледаа оценките во индекс, а и неколку ми недостасуваа.
Кога сме кај стипендиите имам неколку прашања (во врска со втората група) 1. Се на се, документи што се потребни да ги набавам од деканат се уверение и потврда за редовен студент, другото се се пополнува електронски, читам таму некој евидентни листови и изјави? 2. фотокопијата од индекс, само првата страна, прв и втор семестар? или и запишаниов трет? 3.дали можеш да аплицираш за две истовремено групи, пример ако не те прифатат за втора да си истовремено кандидат и за трета група?
Не можеш две стипендии да зимаш. Дали ако имам 9 предмети треба да имам 7 положени за да можам да земам стипендија? Имам положено 8, ама од едниот професор никако не можам да го најдам да земам оцена, а ми ја нема ни во електронско досие ставено? Не знам што да правам..
Ауф, епа не знам тогаш.. Туку ме интересираше уште нешто, тука пишува за пензионирани членови на семејството да се достави чек? Не сфатив дали се работи за мајка и татко (семејство според мене е тоа) или за баба и дедо?
1. Уверението, потврдата и УППИ образецот да ти го заверат треба во архива. 2. Ќе копираш цел индекс до каде што ти е пополнето - од почеток, до тековниот семестар, без разлика дали си прва година или трета па аплицираш прв пат. 3. Можеш да аплицираш најмногу за две стипендии. И јас кога аплицирав аплицирав за 2 групи, па една земав. Има таму поле на интерниот лист, каде што забележуваш дека аплицираш за 2 групи.
Женски сега кога аплицирав ми вика положени испити заклучно со летен семестар 2015/16. Тоа е лански летен, нешто грешка е или така треба? Сега сум трета и аплицирам за прв пат.