И јас сум трета и аплицирам по прв пат, сигурно е во ред, а просечниот успех треба и од прва и од втора?
И од прва и од втора. За документите сега не ти е потребно, Откако ќе излезат резултатите негде кај јануари, февруари- доколку ја добиеш стипендијата, ќе отвориш трансакциска и заедно со договорот ќе треба да однесеш копија во МОН, за да знаат каде да ти ги пуштат парите околу април/мај.
Луѓе јас со 17 предмети ми искача 13,6 дали да аплицирам? А тој изборниот еден 17ти што е не сме ни полагале ни ништо некои велат можеме да го поништиме на деканат па со 16 ми искача 12,8 Пишете сигурно знаете некој не знам што да правам..
ЗИМСКИ СЕМЕСТАР ЗАПИШАН ВО СТУДИСКАТА 2016/2017 * ВНЕСЕТЕ ГО БРОЈОТ НА ПОЛОЖЕНИ ИСПИТИ, ЗАКЛУЧНО СО ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР ВО СТУДИСКАТА 2015/2016 * Значи овие се грешни .. Не треба да е зимски семестар 2016/17 туку сегашен, 2017/2018 .. Исто и за број на положени испити. Како ќе пишете овде, сегашен семестар?
За која стипендија е подобро за социјалната или за таа со 7 просек, не знам за која за социјалнава не пишува колку просек ама да не треба од 8ипол нагоре или нема врска просекот?
Не е толку важен просекот за социјална и со 6 и нешто просек ја земаат. А за таа стипендија со седум ќе ти треба повеќе од 7 просек за да ја земеш. Пробај ти и за двете, ако имаш повеќе од седум, ако не социјалната ти е посигурна, секако голема улога кај неа игра и материјалната состојба.
Мој колега исто како тебе имаше, аплицира за двете а му ја доделија социјалната. Така да за двете, да ти е посигурно.
Фала ти, а сега за родителите мајка ми е запослена со минимална плата и тоа треба таму пишува за остварена плата што како, а за татко ми тој не е тука во странство работи дали треба некаква потврда дека е незапослен ?
Женски, дали може да аплицирам за сите три стипендии, или барем за 2? Нормално, една се доделува но дали може да аплицирам за повеќе ако ги исполнувам условите за секој случај?
Да прашам дали има шанси да ме одбијат и да не добијам стипендија? Имам просек 9,25 (на Филолошки факултет сум). Не знам дали има ограничен број на стипендии и некогаш добиваат само тие со највисок просек? Или пак сите со просек над 9.