Медицинарки дали за да добијам уверение на положени испити треба да пишувам молба исто како за потврда за редовен студент?
Исто пишуваш молба, само што наместо молба за редовен студент ти пишуваш молба за уверение за положени испити, носиш во архива да ти ја заверат и потоа со уплатницата (уплатница за редовен се плаќа по 100 ден., а за уверение за положени испити е 200 ден.) одиш на шалтер да ти издадат. Совет, прво испринтај го УППИ образецот и потоа однеси го заедно со молбите за редовен студент и за уверение за положени испити во архива, за да може дечкото таму сите три документи под ист реден број да ги завери. Јас кога бев пред некое време до кај него, кога ја продолжував стипендијата, им викаше на тие што прво носеле молби а потоа се враќале со УППИ, требало сите под ист број да бидат заведени, зошто не знам.
Во УППИ само горните полиња пополни ги, тоа што е име презиме, број на индекс, факултет итн., однеси во архива да ти го заверат, па на шалтер ќе го оставиш, еден ден ќе ти го задржат зошто продеканката за настава треба да го потпише, а табелата можеш да ја пополниш откако ќе си го земеш оттаму, не е итна
Имам прашање ако знаете Мајка и и татко и од братучетка ми се разведени, нема никаков контакт со татко и живее само со брат и и мајка и. Брат и и мајка и веќе 7-8 месеци живеат надвор од Македонија а таа живее овде сама со пари што и ги прајќа мајка и. Втора година факс е сака да аплицира за стипендија од социјална категорија е сега во делот примања што треба да напише бидејќи мајка и се води како самохрана и невработена овде? Дали треба да се напише платата што ја зема надвор од Мк или не и што да напише во други месечни примања? и какви други документи се потребни за оваа стипендија?
И уште нешто дали има можност да квалификуваш со положени 6 предмети од 10? или строго 80% од предметите??
Не. нека извади од Завод за вработување дека мајка и е невработена нека направи копија од разводот на родителите , зашто бараат да видат дали има примања по основ на ,,алиментација,,
@Luminary не е битно да ги имаш сите оценки во индекс. Индексот го бараат за увид на запишаните семестри до сега. Јас дипломирав со речиси празен индекс, само прва година ми беше пополнета, па немав никаков проблем со стипендијата.
Имам едно прашање...дали треба сами да си вадиме уверение од управата за јавни приходи и државјанство или министерството само ќе го обезбеди овие документи?
При електронска пријава кога внесувам за родители за месечни примања ми пишува НЕВАЛИДЕН ФОРМАТ, како треба да се пише? Парична сума во бројки , да/не или со букви, се пробав не сака?
Женски со колку просек отприлика ја земаат стипендијата од 2ра а со колку од 3та група? Мислам минимумот како се движи?
Феминки ...дали знаете ако исполнувам услов со просек над 8.5 дали ќе ми следува од втората стипендија или ако се потполни бројот дали ќе земам од таа од трет ред?
Мислам дека @macysh мислеше кој е минимумот за категоријата пример со просек 9. Зашто некои можеби ќе имаат просек 9.2 и пак нема да земат стипендија.
Мислам дека тоа зависи највеќе од конкуренција. Пример ако доделуваат 100 и нешто стипендии за таа група со 9 просек, ти и 9.00 да си ќе земеш ако бројот не е исполнет со некои со поголем просек.
Како треба да направам за да аплицирам за две стипендии? Два пати да аплицирам за различни стипендии во електронското пријавување или? И што да напишам во евидентниот лист кај што има "приоритет на моите апликации е следен"?
Тој документ ИНДЕТИФИКАЦИОНЕН БРПЈ ОД УСПЕШНО ПОПОЛНЕТА ЕЛЕКТРОНСКА ПРОЈАВА каков е? Кај да го најдам?