Доколку се нема податоци за едниот родител подоле во пријавата кај приходите треба да се пополни и за двата или немора? Ова кај општина треба Скопје или Кисела Вода да ставам? Кај приоритет на моите апликации што треба да се стави и исто кај ИД?
Приоритет значи ако си аплицирала за повеќе и имаш шанса да ги добиеш која тебе ти е приоритетна таа ќе ти ја дадат. ИД е идентификациониот број од аплицирањето. Не прават проблем, можеш и друг ден но сепак пожелно е на терминот.
Намерно беше ставено број на положени/предвидени испити заклучно со летен семестар 2015/2016? Дали ако била нивна грешка ќе треба одново да аплицирам?
Во однос на делот положени и предвидени испити, дали како предвидени се сметаат и изборните или само задолжителните предмети?
Дали би било проблем доколку се однесе потврда за плата од месец октомври(во конкурсот пишува септември) ?
Zdravo.Apliciram za socijalna stipendija vo polinata za tatko staratel i majka staratel treba za dvajcata podatoci ili samo za edniot roditel koj sto e staratel vo izvod ?
Татко ми не е вработен, и нема месечни примања но имам документ за годишни примања за него. Кај да ги внесам тие?
9. Изјава за обработка и користење на личните податоци на кандидатот и неговото потесно семејство (родители-старатели, браќа, сестри), со која кандидатот се сложува Министерството за образование и наука по службена должност да ги обезбеди потребните документи од одредени институции со кои има склучено договори за соработка, објавена на интернет порталот. Треба да се извади во толку примероци, колку што има членови во семејството? Другарка ми, вели дека треба само една (т.е за кандидатот), а јас кога аплицирав за ланската година за студентски дом ми ги вратија документите оти изјава требаше да имам и за другите членови..?