Дали има врска доколку имаш презапишан предмет,меѓутоа исполнуваш просек и положени 80 проценти од предметите.Дали може да се добие стипендија ? (пишав маил на страната на министерството не ми одговорија па ако знае некој)
Девојки што треба да се пополни кај евидентниот лист во колоната кај: Пополнува кандидатот- Деловоден број на документот. ??? Треба да се штиклира или???
Дечки ние што ги продолжувавме стипендии треба ли да аплицираме сега на конкурсов или само документите за продолжување на стипендија што ги однесовме во министерство се доволни?
Не. Ти не си ученик, студент си. Прашај на факултет, ќе ти кажат. Нас ни дадоа примерок една уплатница .
Може. "Студентите, кои електронски се пријавиле по конкурсот, потребно е во Министерството за образование и наука, ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје, од 21.11.2017 година до 5.12.2017 година, во избраниот термин, да ги донесат или да ги испратат по пошта со препорачана пратка на горенаведената адреса"
Во УППИ образецот треба да ги напишам и бројот на предвидени/положени предмети и кредити за оваа година?
@MagsDestiny те прочитав пред неколку страни ако можеш објасни ми дали за предвидени предмети се сметаат задолжителните а положени задолжителни заедно со изборни? На пример мене во уверението ми пишува 16испити од кои 14 од 45 задолжителни и 2 од 3 изборни. И сега во предвидени предмети да ги ставам задолжителните тие 14 а во положени задолжителните 14 и 2 та изборни,значи 16 положени како во уверението што ми се? Совет.
И јас така мислам ама прочитав тука вака. Плус и колку нив што не им е гајле на шалтер само гледаат побрзо да те откачат ќе си мавнат печат и пополни си сама.
Дали некој може да ми каже подетално да ми објасни процесот за аплицирање за стипендија? прв пат аплицирам па не сум сигурна, се пријавив електронски, копирав индекс, ги копирав сите тие што беа набројани и сега што треба да правам?
Е со истово имам проблем 14 редовни и 2 изборни, а предвидени ми се 14 и сега како да напишам предвидени 14 а положени 16(и во уверението ми се пишани вкупно 16)?