Честито девојки Само на убави работи да ги трошите парите Јас да прашам една глупост. Лани прв пат добив стипендија од министерство и годинава ја продолжив. Ама во текот на годината работев и бев пријавена, сега веќе не (дадов отказ пред два месеца). Дали постои можност да ја добијам стипендијата годинава или отиде тој воз?
Честитки на добитниците ..патем да ве прашам нешто, копија од трансакциска сметка треба да одам да си извадам од банката моја или..?
Ама девојчето мислам дека праша дали во банка се вади копија од сметка или да си направи обична копија во копирница од картичката шо ја има. Едит: извини што те цитирав тебе, последен бешр коментарот некој друг погоре имаше одговорено во друга насока
Ако мислиш на мене, не сум девојче..(од спротивниот пол сум). Инаку јас прашував за тоа што го бараат од мон(копија од трансакциска), бидејќи не ми дадоа никакви картички мене, освен виза ама не верувам дека од таа треба копија. Па ме интересираше дали треба да идам да ми дадат некој друг документ или да го ископирам договорот, ама па и договорот зошто би им бил потребен цел кога само на првата страна се информациите што им требаат..Прв пат добивам стипендија, па затоа не сум упатен во работава.
Другари, овие договориве што се од МОН треба да се однесат во 3 примероци и копија од трансакциската така?
Јас мислев од картончето копија дека треба Да, еден од тие договорите што ти одговара според стипендијата
Мора од банка да ти дадат „картонче“ на кое ќе ти стигаат пари. Со секое вадење на дебитна/кредитна картичка ти следува тоа. Всушност, мислам дека и не мораш да имаш картичка, но за сметка во банка мораш да имаш такво картонче - трансакциона сметка.
Колкави се сега стипендиите на факултетите на УКИМ? Ние 2005/2006 на основни студии земавме 2500 денари месечно. Потоа на мастер студии ни ги качија 3300 денари месечно. Онака ме интересира дали нешто се сменило.
Пуцај ги! Не, се шалам. Иди до банка и прашај бидејќи не ми е логично да имаш дебитна ама да немаш „извор“ на пари, т.е. место каде ти се уплаќаат парите. Јас кога вадев дебитна картичка прво ми дадоа трансакцискa сметка и договор, а после некоја недела по пошта ми стаса дебитната картичка.
И мене не ми дадоа таква картичка, добив само договор за трансакциска и за виза електрон картичката, и ми ја дадоа картичката. Ако е од некаква помош во НЛБ имам транс. сметка, ако некој има таму нека сподели дали даваат такви картончиња или не..