Јас имам од Стопанска банка. Прво вадев Виза, па после некое време вадев Мастер и двете картички ми се на истата трансакциска сметка. Изгледа кај секоја банка е различно.
Некои банки не даваат пластифицирано картонче на кое што ја пишува трансакциската сметка, туку на самата Виза/Мастер картичка ја пишува трансакциската. Копирајте ја неа. Знам дека НЛБ немаат такви, а СТБ има. Инаку @CharmedGirl за жал нема да земаш. Имам пишано и позади на страните, штом си осигуран барем и 1 недела ти се прекинува стипендијата.
Социјалната е 3.300, со успех е 4.400, ако некој студира на ПМФ математика, физика, хемија 18.000 месечно
Во договорот на местото каде што пишува Број, кој всушност број треба да се напише, оној кој што ни го дадоја кога ги подававме документите или оној што го има во листата на резултати ? Благодарам однапред
На местото запишан/а во семестар , во Договорот , треба да стои зимскиот , за кој имаме однесено и потврда , или сега наредниот летен ? Благодарам однапред.
Здраво на сите и честитки на оние кои ќе земаат стипендија. Дали копија треба од пластифицираното картонче каде што пишува 15-цифрен број на сметка? Или пак и од кредитната картичка (виза електрон имам)?
Дали за продолжени стипендии има листа кои сме добиле? И дали треба да носиме нешто во МОН (договорот или незнам)?