Нема листа, ако ти ја продолжиле ќе ти пуштат пари на сметка. Јас знам дека на 2 рати исплаќаат. Април и Јуни
Не, ќе си плаќаш семестри. Стипендијава доаѓа како “фонд”, сите трошоци за студирање ќе си ги покриваш сама.
Женски, треба сите 3 примероци од договорот да се пратат или 2 а еден да остане за мене зашто во член 7 пишува еден е за студентот, они еден ке ми вратат или ја да си задржам? Како? Сакам да прашам и горе кај број __________.2018 во договорот кој број треба да се напише?
Девојки читам ама не разбирам затоа уште еднаш ќе прашам. Имам трансакциска од НЛБ, сега дали треба да направам копија во фотокопир од трансакциската или да одам во банка да им побарам некаков договор дека имам отворено кај нив трансакциска?
Копија од картичката си има број на трансакциска на неа. Нема што да одиш во банка да бараш договори.
Дали некој има искуство со стипендија за во странство? Може некој да ми објасни како се аплицира, за виза итн?
Јас им пишав меил на МОН, за новите стипендии кога ќе бидат префрлени средствата ми одговорија крајот на овој месец најдоцна почетокот на следниот,најверојатно мислат февруари и март ,после склучувањето на договорите.
Вака за тие што прв пат аплицирале за стипендија и ја добиле исплатата прва е мај а втората исплата јуни , додека за тие што прв пат ја продолжиле стипендијата исплаќањето прво е кон крајот на овој месец (јан) или почеток на другиот месец (феб) .. а копијата за поднесување од трансакциска во самата банка барате копија и они ви даваат и плус си ја копирате пластифицираната картичка која ви ја дава банката , договорите ги носите сите у мон , а они кога ќе ги потпишат ви праќаат примерок од договорот со потпис по пошта . И воедно ако некој проверува по интернет или иде на банкомат дали се префрлени средствата за стипендијата нека пишат тука во групава и која банка за да знаеме останатите кои чекаме .
Знам дека погоре се дискутираше за ова ама не сум сигурна, па да прашам пак . За ова бројчето, некои викаат дека не треба ништо да се пишува, а пак другарка на една другарка денес била во мон и и рекле дека треба тука да се пише бројчето од она ливчето што ни го дадоа на тие што бевме лично таму да поддадеме документи за стипендија. Да го пишам тоа бројче или да го оставам празно?