И мене сега ме заинтересира со твојов коментар дека МОН дава само за до-дипломски. Сменето е сега веќе не дава за пост-дипломски или?
Јас за сега колку што знам од МОН има само за додипломски студии, а не знаев дека порано имало и за постдипломски...
И јас мислам не даваат и не давале воопшто,ама еве коментаров на @littleflower друго вели. Не знам навистина. Ме збунија сега со коментариве.
Министерството дава стипендии за постдипломски во странство, и тоа тие треба да се вратат - или во облик на одработување во државна институција или повеќекратно исплаќање. За македонски универзитети мислам дека нема стипендии за постдипломски. Ама погледнете го сепак сајтот, може има нешто ново.
Ќе пробам да го најдам писмото и договорот што го потпишав тогаш... Ако го најдам, ќе ви го пуштам тука. Макар што одамна беше, пред 9 години.
Продолжените уште не се исплатени, така што првпат добиените нема шанси да ви ги исплатат сега. Не се ослонувајте многу на имејлите од МОН, така и за продолжените пишаа дека во прва половина на јануари ќе ги дадат, па излезе втора половина, па сега прва на февруари, и до крај на 2018. ваљда ќе стигнат.
Не ги пушаат од сите банки и сите (првпат, вторпат итн.) продолжени одеднаш, затоа немаат сè уште сите. Кај мене уште ништо не е исплатено.
Дали некој е информиран за стипендии за кои можеш да аплицираш после семестар без да чекаш да помине цела година? Бруцош сум и слушнав од еден колега дека имало стипендии и откако ќе заврши првиот семестар. Вистина ли е тоа и кај може подетално да се информирам?
зависи на што факултет си, знам дека на електро имаше од евн конкурс за стипендии се аплицираше после прв семестар