Дали на тие прв пат што имате добиено стипедија ви стигна една копија од договорот? Како што знам лани прво договорите стигнаа а потоа ги пуштија парите....мене се уште ми нема стигнато.
Девојче лани пуштија во мај,преклани во јули, секоја година различно е. Да се надеваме дека и оваа ќе пуштат во мај.
Ќе стигнат договорите, најважно е да ви ги префрлат парите на сметка. Со здравје да си ги трошите парите. Инаку кај мене немаше поштар па се чекаше да ангажираат за да ги донесе договорите, а тие цел месец биле во поштата само требало да отидам лично да си ги земам порано.
Луѓе ова со договорот, јас колку што знам само 2 копии нели требаше да испратиме , а 3тата за нас останува. Тие ништо не треба да ни вратат освен ако пуштиме препорачано, па да видиме дали стигнало до нив или не. Дали нешто погрешно имам сфатено? [sry for my stupidity]
3 требаше да им дадеме, без разлика дали ние ќе ги однесеме или по пошта ќе ги испратиме. И во двата случаи тие откако ќе ги примат 3-те примероци, треба да ги потпишат и печат да стават и еден примерок по пошта да ни пратат. А вака ако си испратила два, не ти се комплетни документите. И како си го задржа едниот примерок за тебе без потпис и печат, така нема функција на документ, туку е само обично парче хартија.
Во весникот Нова Македонија од 28.03.2018 година е објавено дека според МОН исплатата на стипендиите за првите шест месеци од учебната година може да се очекува во текот на наредните десет дена, додека за преостанатите три месеци е планирано исплатата да биде во мај.
Дали знае некој како да ги контактирам и дали некој знае дали ова што им пратив само 2 примероци од договорот би влијаело врз исплатата?
На телефон не верувам дека можеш да ги добиеш, пробај пиши им меил, а најдобро е ако си во можност да појдеш во МОН.
Se javiv vcera i mi rekoja deka vazno bilo transkciona da im pratime, dogovorot ke go kopiraat uste ednas. Sepak ti blagodaram za odgovorite ☺
Уште ли нема абер од стипендијава? Последната недела од март викаа ке биде, вака така,ни да капне некој денар ни бутур,ништо...
Вчера прочитав во весникот Нова Македонија дека за првите 6 месеци ќе ни исплатат во наредниве 10-тина дена, а за другите 3 месеци во мај.