Да им пишеш на МОН какво ќе биде времето утре ќе ти одговорат “средствата ќе бидат исплатени во текот на овој месец”
Аман бе...другарка ми се скапа чекање...ќе ојте в пензија дур да ви ги дат. Треба едно 5-6 воспитни да им дам,има во готово сосе камата да ви дат
А за прва група пишале ли кога? Сестра ми ја чека од февруари, тогаш почнаа мон да викаат "до крајот на овој месец" и никако да дојде тој месец..
Дали некој има добиено втора рата од продолжените стипендии? Мене ми стигнаа 6 600 денари на сметка, а требаше да ми исплатат уште 16 500 ден. Да не ги исплаќаат на повеќе рати оваа година, или?
Ништо ли не се знае за нас првпат одобрените, продолжените стипендии веќе ја добија втората рата а ние уште ни првата ја немаме земено..Ова не е фер од нивна страна.
Најверојатно годинава ќе биде исплатата на три рати. И мене денес ми стигнале 6600 (значи за два месеци), а во февруари прва рата ми беше исплатена ми се чини за четири месеци. И тебе ли ти беше за толку првата рата?
Сериозни ли се МОН со стипендииве? Некои луѓе сериозно луксуз немаат да чекаат. За нас што ги добиваме прв пат уште од февруари не’ мафтаат со “до крај на месец.” На крај краева за вакви ствари се тужи. Не се нормални.
Нема основа за тужба, во договорите пишуваше дека се должни да ги исплатат средствата но не беше прецизирано кога.. Сепак мислам дека е редно време да ги дадат парите, се јавил ли некој воопшто да праша, што велат? На мејлови одговараат со 'овој месец'
Секој месец по 4,000 стои хехе Иначе јас лично пробав цела недела да ѕвонам по МОН и шокантни вести на денот во малата фиром - никој не се јавуваше.