Јас не би рекла глупави,јас би рекла совесни.И браво за тие што чесно сакале да си земат стипендија. Мене искрено би ми било срам да ја зимам оваа стипендија,а да имам дома услови.Имам просек,сум можела да аплицирам секоја година,ниеднаш не го направив тоа,ниту за кредитите кога беа.Срам ми е!Особено затоа што имаат удел примањата во семејството.Да се работи за друг тип на стипендија,да(да не образложувам сега пример),ама човече...во оваа Мекдонија каде што има брдо студенти кои јадат леб и ајвар за да студираат,а плус се капацитети и тврдољубиви деца,јас да аплицирам?!Никако.А искрено и моите дома,особено татко ми,пресекоа,имаш кров,имаме за јадење,имаш облека,учиш за себе,има деца на кои повеќе им е потребно,а ти ќе им го земеш,не може!
Ау јас спаѓам во оваа група, не за стипендија, таа си ја земав без врски туку за многу други работи. Не сакам некој да каже дека ми бил врска, мислам дека во земја ќе пропаднам. Кога одам кај татко ми на работа срам ми е преку ред да влезам, има луѓе по два саати што чекаат ред, ниту сум саката ниту луда, и јас ќе си чекам. Можев од прва да положам за кола, ама неко утре да рече: "Јас и фатив врски за возачка"....никогаш Знам дека е глупаво, ама горделива сум. Ако треба на секој чекор ќе паѓам , ама барем сама ќе станувам. Никој никогаш нема да рече дека без него немало да успеам во некоја работа...никој !
Аууу зошто бе да не си земам стипендија ако заслужувам? Според мене нема врска тоа што моите имаат добри примања, ако јас сум се трудела да имам добар просек, сакам за тоа да бидам наградена.Не би ми дошле лошо тие пари! А тие што имаат добар просек, а немаат примања секако ќе бидат пред мене на листа, така да не гледам зошто не би си ја пробала среќата (на чесен начин, без врски, секако)!
А ти учиш за себе или за парите кои ти ги даваат?!Што се однесува до мене,јас сум заслужила и одмор на Сејшелите,комлетно платен,ама нема. Мене тие пари у грло би ми застанале,за тебе не знам.Во секој случај дали ќе бидат пред тебе или не,ако тие како тебе со доволно примања ги има помалку,повеќе ќе има за оние со помалку примања.А 90 проценти од оние што аплицираа за стипендија,аплицираа со лажни документи за примањата. Па не ни очекувам повеќе од народ ко нас,себичен.Колективната свест ни е отидена во минус,а утре ќе збориме леле колку се лоши луѓето,а не се тргнува од секојдневни,основни нешта,као зимање на стипендии па на даље.Дури и безобразно е...а што ми иде мука на душава,што тоа го прави идната елита и интелектуалци на нашава ни напатена грутка.
Го гледав списокот и многу се изненадив кога препознав некои кандидати на кои им е одобрена стипендија ... Да сум на нивно место би ме било срам да аплицирам,(деца на градоначалници итн...) и да им ја земам стипендијата на оние на кои им е потребна повеќе Па уште одозгора по Фејсбук се фалат и пишуваат дека ќе одат на шопинг со тие пари, а некој ќе јаде сув леб за да студира Па уште дале 200 стипендии за приватните факултети... Не разбирам, некој ќе си плати 10 000 евра за да студира на приватен, а државава уште ќе им дава стипендии Ако имаат толку пари да ги фрлат за приватен, можат и без тие 50-60 евра месечно. А, ако се толку капацитет , приватниот нека си најде начин да ги награди, нека ги ослободи од партиципација, или сл.
Многу ми се допаѓа твоето размислување, јас добив стипендија со вистински документи, каде навистина примањата и на двајцата мои родители се мали,ептен ниски, и овие пари многу ми значат, меѓутоа познавам толку многу колеги кои кога даваа документи и самите викаа со парите ако ги добијат ке оделе на викенд овде...онде! Па добро бре луѓе јас со душа чекам да пуштат за да можам да си платам партиципација и да продолжам со студиите...Зарем толку себичноста на луѓето дошла до тој степен?
Ама ако сите поднесуваме точни документи, нека бидат СИТЕ! Стварно е глупо што се лаже, како што лажат сите во државава. Срамота е не викам не. Ама 90% поднесуваат лажни документи и сега јас да глумам Дева Марија и да не поднесам, додека други со поголеми примања и од моите родители ќе си имаат +500 евра во џеб. Стипендијата е награда за постигнатиот труд, секогаш се смета стипендијата за добивка за најдобрите, а кредитот порано беше за оние кои немаат услови за студирање. Сега читам категории на стипендија и не се разбирам баш. Затоа јас ќе кажам за до пред 2 години си имаше поделба, кредит за оние што енмаат услови, стипендија за најдобрите! Ако е така зашто тогаш нели постојат стипендии и за во странство, нема да аплицираат подобро ситуираните за да им дозволат на оние со помалку средства да заминат од државава и да си ја добијат стипендијата? Стипендија си добива оној кој си заслужил, оној кој е успешен, кој има добар просек, кој ги исполнува условите... На државните факултети нели плаќаат партиципација по 200/400 евра од година како и да е. Епа за секој студент на приватен се плаќа исто партиципација на државата од оваа сума погоре. Во таа партиципација пример од ФОН од 2000 евра, 400 ли евра или така нешто ги плаќаат на сметка на државата. Затоа и по таа логика се вклучени во државна стипендија и тие од приватен.
Да бидеме реални,кај нас нема вистински добри студенти кои треба да се окарактеризираат како најдобри.Познавам мулиња со просеци,не знае два со два да собере,мајка му и татко му со примања над 2000 евра,едно дете во семејството,и?!Кој е критериумот?! Сум за деца кои имаат висок просек,а немаат доволно примања.За се останато,НЕ!Со оглед на тоа дека сме сиромашна држава,се останато е непотребен трошок!Кога се друго ќе почне да функционира,молим лепо стипендии за сите и тоа тогаш да не биде критериум само просекот,туку многу повеќе.
Познавам неколку студенти кои земаат по 2 стипендии . А ова пак ? Нели постоеше услов - да не си корисник на друга стипендија. Некои работи навистина не ми се јасни ЕДИТ : Инаку Лилит, секоја чест. Многу ретки, (да не речам пред истребување ) се таквите како тебе. и за твоите штом те поддржуваат во тоа. Овој народ наш себичен, само гледа да зграби што повеќе
Oва е веќе непочитување на условите. Не смееш да зимаш друга стипендија. Абе смеете да приговарате. Ама реално јас не знам никој на кој му одобриле приговор. За ова многу точно, МНОГУ. Епа финтата е не е само 1 проблем. Има многу проблеми со стипендиите. Прво нереални примања на родителите. Второ нереални просеци, денес секој завршува факултет, 50% со препишување и одлични просеци. Трето не се почитуваат условите за стипендија и јас знам некои што зимаа стипендии од невладини по 100тина евра месечно, а зимаат и државна стипендија. Кога ќе се тргне од сето ова кај нас сите критериуми не се почитуваат. Само се лаже за да се успее... стандардна работа во Македонија.
Имам слушнато дека одобрувале приговори. А за ова со две стипендии, на нивната страница пишуваше дека ќе поднесуваат кривични пријави ако некој бара стипендија, а веќе е корисник на друга. Па веројатно со врски добиле таквите.
Покрај тоа што многу земаа стипендии со врски и што ли уште не, замислете го и ова студенти на приватни факултети кои веќе се корисници на стипендија од факултетот ( не плаќаат воопшто, или пак не го плаќаат целосниот износ на школарина) земаа стипендија и тоа од типот А . Како е само ова можно , па нели еден од условите за аплицирање за стипендија е да не си корисник на друга..
Епа тоа што не плаќаат партиципација на приватните не им го сметаат како стипендија, веројатно ... Тоа не им е парична стипендија што ја земаат секој месец, туку факултетот само ги има ослободено од плаќање партиципација. Барем јас така мислам
Убаво размислување Лилит, но како да не се пријавиш за стипендија (иако имаш добри финансиски услови) кога знаеш дека си се утепал од учење, навистина ја заслужуваш, а гледаш дека во редот пред тебе се буткаат за да аплицираат и синови и ќерки на професори кои незаслужено имаат висок просек. Е па да си пукнеш од мака! Точно е дека има многу студенти кои живеат во мизерни услови во домовите, нивните родители немаат високи плати, и ако треба на нив да им го отстапам местото - би им го отстапила. Ама кога ќе ги видам фуфиците и мамините синчиња со документите спремни во рака, кога ќе видам кој се има на листата на студенти што добиле стипендија, а јас сум поминала непреспани ноќи во учење - добивам уште поголема мотивација да се борам за стипендијата што ја заслужувам!
Не, туку тие се стипендирани студенти зборам конкретно за Фон , сите тие полагаа си некои испити за да земат стипендија со која нема да плаќаат ништо или само делумно ќе плаќаат , а плус и работата им е загарантирана ( на оние со целосна стипендија) и денес кога ги видов на списокот навистина не можев да верувам како успеале да земат и државна стипендија
Па поднесете приговор бе не ќутете. Тоа спаѓа во стипендии, сеедно што тие не зимаат пари на рака, битно ослободени се целосно или делумно партиципација. И тоа е еден вид стипендија. И тие се нарекуваат стипендисти.
Секако дека спаѓа мислам така и на факултет ги именуваат и професорите и сите "стипендисти", ај што земале , земале туку како успеале да извадат и да принесат документ со кој потврдуваат дека не се стипендисти :/
Па они не го вадат од никаде тој документ дека не се корисници. Го симнуваат од нет, и го потпишуваат. Очигледно дека во министерството некој не си ја врши добро својата работа Зарем нема некој платен таму да ги провери изјавите ? Ако стварно има такви кои веќе се корисници на една , а потпишуваат лажни изјави дека не се, па тоа е криминал бе луѓе ! На нив не само што треба да им се одбијат документите , туку треба да им се укине другата и да ги натераат да ги вратат парите
A што треба за тој документ? Во мое време требаше моја лична изјава заверена на нотар. Има ли нешто полесно??? Оно фирмишта потпишуваат дека вработените зимаат помала плата и им даваат потписи и печати. Кога ќе видиш само на различни начини се лаже.
Леле што се имало, навистина ми беше криво кога видов дека другарка ми која е на државен факултет и која многу учи и се труди не успеа да земе стипендија, а мои колеги и колешки, татини и мамини галеничиња кои плаќаат по 1.500 евра школарина ( делумна стипендија) земаа стипендија од 4.000 денари, ова никаде го нема...