При продолжување на стипендија, за пресметување на просек се рачунаат сите оценки од претходните години или само тие од таа конкретна година? На пример јас сум втора година и кога ќе поднесувам документи за продолжување ги пишувам сите пример 16 предмети или само 8те од втората студиска година?
Кај мене фалеше цела рата пред некоја година, уствари кај повеќето па, си пишав меил и си исплатија накнадно тоа што фалеше. Направи пресметка уште еднаш види дали фалат. Се земаат во предвид сите предмети.
Dobiv od Fon delumna stipendija odnosno deka skolarinata ke mi iznesuva 500 evra. Dali toa znaci deka ke treba da dadam samo 500 evra i site drugi troskovi mu se vkluceni vo stipendijata?
Околу државните стипендии втора група (со просек) дали ако сум над 9 и во втора година (пример 9.1 или 9.0) дали би ми ја продолжиле или повторно има некоја листа?
Да, ако ги исполниш условите ти ја продолжуваат. Само носиш документи ( уверение за положени испити, потврда за редовност и индекс на увид)
Треба да имаш положено минимум 80% од предметите од сите предходни години. Со само еден неположен предмет сепак ќе имаш многу повеќе од 80%.
Здраво дечки Вака јас сум прва година на општа медицина во Штип. Сакам да аплицирам за стипендија следнава година, но не сум многу упатена како оди тоа. Ако може некоја од вас да ми разјасни неколку работи: 1. Дали има некаква врска тоа што студирам на УГД, а не на УКИМ? (Во смисол на некаква предност дали имаат од УКИМ или тоа е апсолутно не важно?) 2. Просекот од прв семестар ми е 9,33. Од втор семестар до сега колоквиумите ми се супер, но да речеме испитите поминат не толку сјајно и просекот од целата година ми биде околу 8,7. Дали во тој случај да аплицирам за стипендијата со просек над 8,5 односно 4400 ден. месечно или за таа со просек над 7.00 односно 3300 месечно? 3. Дали можам да аплицирам и за двете па која ја добијам таа или мора само за една? 4. Дали ако го исполнувам условот со просекот значи ќе добијам стипендија или сепак и таму е со врски како што ми кажуваат многумина? Фала ви однапред
Со 8,7 нема шанси да ја земеш од втора група, таа се зима ако имаш над 9 просек. Внесуваш приоритет која ти е прва па ако не ти ја одобрат таа те внесуваат во база за вториот избор (пример просек над 7) ама таму предност ќе имаат тие што просек над 7 ја пишале како прв избор значи може некој со помал просек од тебе да добие стипендија а ти не затоа што ти е втор избор. ако имаш просек ќе земеш има луѓе што проаѓаат со врски ама ако ги имаш оцените поднесуваш приговор, не може да не ти дадат. А за тоа што си од штипскиот не знам дали има некаква врска, би требало уким да добие повеќе поени пошто се знае како се дипломира во штип, св. николе и други градови ама ок.
Нема врска кој е дали Штип,Тетово или па фамозниот УКИМ, на државно ниво е не му е грижа како си полагал дали си де отепал од учење или препис.Важни им се оцените и просекот..
Ти благодарам на одговорот. Но не е точно дека треба просек над 9, бидејќи сум на медицински факултет треба просек над 8,5. Така пишува и во нивниот правилник. А за дипломирањето тврдам дека на општа медицина не може да дипломира некој тек така, навистина мора да учиш многу. За други факултети не знам.
За сите е во огласот просек над 8.5 ама види резултати од кога почнале со стипендии делење, секоја година последниот на список што ја зима е со просек 9,00 нема врска дали си медицина или социологија, групата е таа, просек над 8.5, има многу пријавени и конкуренција. среќно
Ти благодарам многу на одговорот, токму тоа највеќе ме интересираше. Значи јас сепак ќе си ставам прв избор со просек 7 па барем сигурно да добијам, затоа што многу ми е потребна.
Ти приоритетна ставија таа со 8.5 ако просекот ти е над 8.5. Ништо не губиш, а втора ставија таа со 7 просек. Ако не ја добиеш првата имаш шанси и за втората.
Во договорот за продолжување на стипендија (втора група) пишува дека се бара најмалку 90% положени предмети. Јас имам 18 предмети, дали би ми дозволиле со 16 положени, бидејќи сепак 90% доаѓа некаде 1.6 а не е логично половина предмет..