Мислам дека не може да се продолжи така затоа што петта е уствари мастер, постдипломски студии, а нашиве стипендии се за додипломски.
НЕма шанси така да ја продолжат до 5та. Договор не е стигнат се уште(можда и нема ни да стигне,смената е министерката се е по ново таму)
Иначе за договорите видов дека се води дискусија горе - верувајте дека ништо посебно не ви менува кога ќе стигне договорот. Министерството си има евиденција дека земате стипендија, а вас парите ви легнуваат на сметка. Договорот е само облик на потврда за трансакцијата на парите, не се секирајте ич ако стигне покасно.
Не можев онлајн да најдам ништо во врска со аплицирањето па ако може да ми помогнете. Во прва година добив целосна стипендија бидејќи бев во првите 10 со највисок просек, а сега ме интересира како оди процедурата за аплицирање за во втора година и кога е периодот за аплицирање?
Октомври/ноември излегува конкурсот. Во зависност од тоа на кој факултет си, има разлика во тоа колку просек треба да имаш. Сѐ ќе ти биде убаво објаснето во конкурсот. А може и стари конкурси да видиш, исто е.
Некаде прочитав па ме интересира дали е точно, дали ако се вработам сезонски за летово автоматски ја губам стипендијата?
Девојки дали треба да се положени сите предмети за да се оствари право на стипендија? Ќе ми остане еден предмет, па затоа прашувам дали можам да аплицирам?
Здраво дечки, сакам да прашам дали за продолжување на стипендија со просек се гледа вкупниот досегашен просек од сите години, или само од оваа. Јас од ова година имам просек 8,9 а вкупно од сите години иам 9,19 па ме интересира дали ќе ја изгубам стипендијатаа