Завршив прва година просекот ми е 9,58 дали ако се вработам сезонски за летово нема да ми даваат стипендија?
да ми објасни некој кои се групите, тоа прва втора... каде да видам во која припаѓам? и каде може да се види износот на стипендијата бидејќи слушнав дека цифрата се разликува во зависност од тоа на кој факултет си
Феминки корисник сум на стипендија од трета група но сакам да се вработам и да бидам осигурана дали тоа ќе ми влијае на стипендијата или нема проблем ?
Луѓе, имам 2 неположени предмети од оваа година а условот е 80% положени за да се продолжи. 80% од моите предмети е 1, 8 предмети- дозволено да не положам, јас имам 2. Дали ќе ми ја укинат стипендијата?
Се вработив во едно место каде ќе работам само 3 месеци и сум осигурена но една другарка ми кажа дека освен тоа што нема да земам стипендија ќе ја губам и квотата дали е вистина тоа?
Здраво сакам да прашам нешто сеа ке бидам прва година и ме интересира дали ако земам стипендија и по некој основ не ги исполнувам условите за да земам стипендија во наредните години после 2 година дали можат да направат да треба да ги вратам тие пари што сум ги земала ?
Каква стипендија? Ако е од МОН таа можеш после прва година да ја земаш односно да аплицираш со постигнатиот просек од прва година.
Ако земеш стипендија после прва година, а следните години не исполнуваш некои од условите ќе ти ја укинат само. Парите не се враќаат.
Здраво, јас завршив средно каде зимав стипемдија 3-4 година па сега ме интересира кој успех ќе се гледа кога и што за да аплицирам(ако може) од прва година на факултет
Здраво. На мојот факултет за да фатам стипендија треба да имам просек 9,00. Мојот просек е исто така 9,00, но имам и можност да ја фатам социјалната стипендија. Сакав да прашам: што мислите, дали да аплицирам за стипендијата од прва или од втора група? Ми кажаа дека има определен број на места за втората група, така што иако го имам потребниот просек, можеби нема да ми дадат, а таа од прва група ми е посигурна. Ваше мислење?