Здраво девојки, сакам да ве прашам дали е потребно во индексот да ни бидат внесени сите оценки од положените предмети или доволно е само уверението што го носиме како доказ за положените испити?
Дали некој ја зема стипендијата од фондацијата на Трајче Мукаетов , сакав да ве прашам каков договор се потпишува кога ќе ви ја доделат. Имам разбрано дека мора на време да завршиш и да одржуваш просек во спротивно ќе треба да ги вратиш парите со одредена камата дали е точно или се само шпекулации?
Кога ја доделуваат стипендијата, потпишуваш договор дека нема да презапишиш ист семестар и дека просекот треба да го одржиш над 8 и дека ќе завршиш навреме, во спротивно треба да ја враќаш стипендијата но не со камата, доколку си на медицина гледај само редовно да запишеш 4та година и после мислам дека не си обврзан со предмети, а за фармација не знам како е.
Здраво.. Трета година сум. Во понеделникот бев со документите (уппи, уверение, потврда и индекс на увид) во МОН за да продолжам студентска стипендија од втора група (на 11 кат просториите лево). Вработената ми ги зеде документите, го разгледа индексот, ми побара мобилен, напиша за која група сум, ми рече парите ќе бидат пуштени некаде декември-јануари, ми рече дека е толку работата и дека ако ги исполнувам условите парите ќе ми бидат пуштени на сметка, нема дополнително да ме исконтактираат и не ми даде никаква потврда, лист, број било што како доказ дека сум ги поднесла документите. Дали и на другите ништо не ви даваат како потврда кога продолжувате? Ви благодарам...
Здраво,да прашам дали некој знае дали може за продолжување на стипендијата да се остават копирани уверение и потврда?
Конкурсот излегува во ноември Дали можам да однесам документи за продожување иако нема никакво известување од министерство?
Здраво девојки, сакам да ве прашам дали и следната година ќе можам да аплицирам за продолжување на стипендијата, сега сум 4 година (последна), но сега давам успех нормално за до 3 година. Логично би било да можам. Вие што мислите? И дали на УППИ образецот треба да заокрузам дека сум апсолвент или тоа наредната година? Позз
Наредна година нема да можиш да извадиш потврда за редовен студент, а мислам дека и тоа се носи за продолжување на стипендија. Штом оваа ти е последна година, сега си апсолвент...
Ич не се ажурни овие од МОН.Ништо нема да им биде ако закачат едно известување.Copy-paste ли им е тешко? Сигурно ќе има студенти кои ќе испуштат продолжување..
Ќе си следиш кога ќе излезе конкурс и можеш да аплицираш за било која од тритe групи: социјална, со просек од над 7,00 или со просек од над 8,50. Реално теоретски шанси нема да испуштиш продолжување зошто буквално трае цел октомври. Oсвен ако некој не чека до скроз последен ден нема зошто да пропушти, бидејќи дури и цел месец да не е тука друг може да ги однесе до МОН документите, не е задолжително да однесеш лично.
Здраво, дечки. Да ве прашам, како се бројат предметите за во уверението и во УППИ образецот, т.е. дали предмет што ти е презапишан го броиш само еднаш или два пати? На пример во прва година од 9 запишани положив 8, во втора година запишав 10 од кои едниот е предмет од прва година. Дали сега вкупниот број на предмети ми е 19 или 18? Исто, сакав да ве прашам дали за вкупен број на предмети ги земате оние што ви се запишани или оние што ги предвидува програмата? Бидејќи програмата предвидува предмет што не сум го запишала бидејќи сум немала услов.