4та година сум, просек ми е 8.9 со сите положени предмети до сега на економски факултет. дали вреди да аплицирам за стипендија? и која група
Еве соопштение за годинава што треба, истите документи од лани. http://www.mon.gov.mk/index.php/201...43-soopshtenie-za-prodolzhuvanje-na-stipendii Патем дали некој бил досега, ги доставил и може да каже од колку часот му е работното време до колку?
Девојки, дали треба да ги имаме оценките внесени во индекс ? Или пак доволно е само уверението за положени испити ?
Здраво, јас годинава за прв пат ќе аплицирам за стипендија. Ме интересира дали може некој друг место мене да појде (пример мајка ми) или мора лично? Каде се носат документите? И дали е веќе започнат конкурсот оваа година?
Документите се носат во МОН или можеш да им ги испратиш по пошта на нивна адреса. Уште не е започнат конкурсот за прв пат аплицирање.
Фала ти многу на одговорот. Инаку по пошта не би праќала, не знам зошто едноставно не би. Претпоставувам ако може така, тогаш не би било проблем ако друг оди со документите место мене?
И мене ме интересира дали на некого до сега му правеле проблем ако ги нема сите оценки во индекс, за поднесување барање за стипендија прв пат?
здраво,3та год сум на факултет минатите години земав стипендии мегутоа оваа година презапишав семестар значи немам право на продолжување на стипендијата така?
Дали ќе ми прават проблем ако оценките по два предмети ми се во индекс но не ми се во уверението заради не внесени оценки електронски и покрај тоа што го држам просекот и без нив?
Мора електронски да ти се внесени зошто така ти влегуваат во просекот, ако ги немаш електронски автоматски ти се рачунаат како сè уштe неположени и не ти влегуваат во просекот. Ама, штом и без нив велиш дека имаш просек тогаш нема врска што ќе ти се рачунаат какo неположени - само да имаш над 80% положени предмети кои се внесени во уверението. Во индекс не мора да ги имаш внесено сите оценки, и онака индексот воопшто не го ни погледнуваат.
Од МОН ми рекоја дека потврдата значела дека семестарот е заверен. Јас имам се уплатено ама нема печат и потпис во индексот, каснат во студентски.
Во никој случај ни лани не си го платила 300 денари, нешто си збунка. Потврда за редовен студент е 100, а уверение за положени испити е 200 денари, толку си беше и лани, и полани, и годината пред тоа, и отсекогаш, така што тоа 300 што ти се врти низ глава сигурно ти е за двете вкупно
Дали во УППИ ако сум 4та година треба да заокружам дека сум апсолвент или не? И дали кај студиска година треба 2018/2019? Некои ми кажуваа дека треба годината на студии пр:4та ама не верувам.